07.02.2013, 09:40 Брисел го договара седумгодишниот буџет
Челниците на земјите-членки на Европската унија се очекуваат да имаат тешки и исцрпни состаноци денеска и утре во Брисел во рамки на Самитот на Европскиот совет посветен на носење на идниот седумгодишен буџет на Унијата. Ова ќе биде втор обид за да се договори Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот 2014-2020 година.
Претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, во својата покана до челниците повика дека е потребно итно постигнување на договор за седумгодишниот европски буџет и изрази уверување дека таков договор е можно да се псотигне на овој Самит. Постигнувањето на договор е многу важно оти уште едно евентуално одложување уште повеќе ќе го скуси и онака кусото време за носење на 70-тина закони што се потребни за спроведување на буџетот.
На последнито ваков економски Самит што се одржа на 22 и 23 ноември минатата година, челнциите на земјите-чланки на Унијата не успеаја да постигнат договор за Повеќегодишната финансиска рамка што е клучен документ со кој се дефинира на кои приоритети ќе се трошат европските пари и со кој се утврдуваат највисоките суми за сите буџетски ставки.
Според очекувањата, ако ги остават домашните потреби настрнаа, лидерите би можеле овие два дена да се договорат за МФФ, при што се смета дека предлогот на Ван Ромпуј од 1.011 милијарди евра за периодот од 2014 до 2020 година е добра основа, за со негова ситна мала адаптација на сите желби, конечно да се постигне договор.
|