Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.02.2013, 12:56

Нацоски одбележува декада на меѓународната сцена

Нацоски ги освојува сцените на најпрестижните оперски сцени во светот, афирмирајќи се пред се' како еден од најуспешните изведувачи на моцартовите партии

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечерa ќе биде изведена оперската претстава „Севилскиот берберин“ од Џоакино Росини.

Со улогата на грофот Алмавива, нашиот познат тенор Благој Нацоски ќе одбележи 10 години од настапите на меѓународната сцена.

Нацоски ги освојува сцените на најпрестижните оперски сцени во светот од самиот почеток на неговата кариера, афирмирајќи се пред се` како еден од најуспешните изведувачи на моцартовите пар��ии. Роден е 1979 година во Скопје во семејство на музичари. Уште од најрана возраст покажува особен талент и афинитети кон музиката. Пеењето почнува да го изучува во родниот град, а во 1997 учествува на првиот меѓународен Мастерклас по пеење на Интерфест Битола со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје, што претставува и круцијален момент за да замине во Рим каде го продолжува своето музичко образование.

Во 2003 година дипломира на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне. Се усовршува со Силвија Боса во Фиренца. За време на школувањето во Италија, остварува богата концертна дејност низ Македонија и Италија, а истотака освојува и многубројни меѓународни награди и признанија.Неговата кариера започнува во февруари 2003 година со настапот на сцената на Римската Опера (Театро делл’Опера ди Рома), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Ја исполнува улогата на Артуро во операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, под диригентската палка на Маестро Даниел Орен и режија на Греам Вик. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, склучувајќи ексклузивен договор со менаџерскиот „гигант“ ИМГ Артистс.

Настапува во најпрестижните театри низ целиот свет како Тетарот Реџо во Парма, Операта во Каљари, Театарот Верди во Трст, Театарот Карло Феличе во Џенова, Театарот Петруцели во Бари, Цирих Опернхаус, Операта во Франкфурт, Баварската Државна Опера во Минхен, Државната Опера во Штутгарт, Операта во Сиетл, Кралската Опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската Опера во Торонто, Театарот Бунка Каикан во Токио, Националниот Театар во Токио, Рјутопија Центар во Ниигата, Сантори Хол во Токио, Полската Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, како и Фестивалите во Салцбург и Мишколц, пеејќи ги главните тенорски роли во оперите Дон Џовани, Така прават сите жени, Волшебната флејта, Грабнување од Сарајот, Сонот на Скипион од Моцарт, Севилскиот Бербер, Италијанка во Алжир, Турчин во Италија од Росини, Дон Паскуале од Доницети, Сонамбула од Белини, Свртување на штрафот и Сонот на летната ноќ од Бритн, како и Вердиевите Фалстаф и Отело и Аријадна на Наксос од Р. Штраус.

Освен на оперската музика Нацоски и се посветува и на камерната и на симфониската.

Во денешната изведба на „Севилскиот берберин“ покрај Нацоски ќе се појават и гостите од Италија, Кармине Монако, Адријана Јоција, Франческо Верна и Кристијан Фаравели во улогите на Дон Бартоло, Розина, Фигаро и Дон Базилио.


Статијата е прочитана 285 пати.


Испрати коментар



Филмот „Арго“доби три награди БАФТА
(ФОТО) Триумф на младите музичари над ветераните
Ќерката на Мик Џегер живее во социјален стан
Кирил Џајковски на Вудсток
(ФОТО) Ритуално капење во Индија
Веге��аријански порции за Адолф Хитлер
(ФОТО) Самба! Самба! Самба!
(ФОТО) Кинезите го прославија пристигнувањето на Змијата
Леонардо ди Каприо во врска со косовската Мис универзум
Берлинале почна во знакот на политиката
Пол Макартни во Њу Орлеанс помина како уличен свирач
Од сабота до сабота
ЏИШ - Ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ
Во мозокот постои центар за зло
„Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
Филмскиот фонд ќе финансира 28 проекти
Дино Имери ја одушеви публиката во „Лисински“
(ФОТО) Поштенска марка со вкус на чоколадо
(ФОТО) Долги аплаузи и воодушевување на премиерата на „Изгубени Германци“
Сто и дваесет години од смртта на Григор Прличев
(ВИДЕО) Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари
„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс
Премиера на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во МНТ
Слика од Пикасо продадена за 28,6 милиони фунти
Роби Вилијамс не бил доволно кул за „Оејзис“
Агата Кристи била надгледувана од МИ5
Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Првата фотографија на синот на Шакира и Пике за УНИЦЕФ
Реконструирано лицето на Ричард Трети
Пронајден скелетот на Ричард Трети
„Изгубени Германци“ утревечер премиерно во МНТ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
94. Little Richard, „Good Golly, Miss Molly“
Автори: Robert Bumps Blackwell, John Marascalco; продуцент: Blackwell; објавена: февруари 1958 година, „Спешиалити“
„Музеј на насилството“ во Белград: Јавен архив на омраза
Изложбата отворена во галеријата „Podroom“ на Културниот центар, на експлицитен начин ја запознава пошироката јавност со...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |