Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.02.2013, 17:22

„Изгубени Германци“ утревечер премиерно во МНТ

Претставата е работена по текст на Дејан Дуковски, а режисер е Слободан Унковски, чија последна претстава во овој театар беше поставена во 2005 година

Катерина Богоева

Театарската претстава „Изгубени Германци“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, е третата претстава на овој потврден тандем, која премиерно ќе биде изведена утревечeр во Македонскиот народен театар во 20 часот. Досега тие ги реализираа и претставите „Буре барут“ и „Другата страна“.

Со оваа претстава, воедно, режисерот Унковски се враќа, по осумгодишна пауза на сцената на МНТ, по поставув��њето на последната претстава „Црнила“ во 2005 година.

„Претставата зборува за генералните состојби во македонското општество, не толку политички, колку етички. Цврсто е закопана во 1944 година, но идеите кои се обидува да ги артикулира се многу современи, актуелни“, рече вчера режисерот на одржаната прес-конференција која предизвика очекувано внимание кај медиумите, како што и самото споменување на текстот на Дуковски предизвикуваше внимание во јавноста месеци наназад.

Во неа улогите ќе ги толкуваат актерите: Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Ѕвезда Ангеловска, Јовица Михајловски, Јордан Симеонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и Емил Рубен, дел од кои вчера го споделија задоволството од меѓусебната соработка и од соработката со Дуковски и Унковски, гледајќи на претставата и како на голем предизвик за проверка или потврда на своите професионални квалитети.

Костимограф и автор на целиот дизајн на претставата е Бојана Никитовиќ од Белград, кореограф е Кренаре Невзати-Кери, а сценограф Виктор Михајлов.

Дејството во драмскиот текст кој режисерот Слободан Унковски го нарече „крајно необичен и специфичен“ се одвива во Македонија во 1944 година во еден рудник, кој би можел да биде и Алшар, каде што изгубени Германци божем истражуваат некаква руда, но е текст кој говори за една актуелна етичка состојба исто така во Македонија.

Претставата, посочи Унковски, говори за човечките мани, за фрустрациите, за алчноста, љубовта, за хомосексуалноста, нацизмот, за левичарството, за смислата на животот и др. Но тој напомена и дека тоа се само дел од базичните, болни прашања што таа ги третира. „Текстот е крајно специфичен, необичен, инспиративен, допира до хаосот и вознемиреноста на нашето општество. Нема да ги задоволи апетитите за евтини дневнополитички определби и насочувања зашто во суштина се однесува на судбината на обичниот човек“, рече режисерот, кој напомена дека претставата би можел да ја наслови и како „Изгубени Германци - трагична разврска со пеење“.

Тој го нарече Дејан Дуковски „македонскиот современ Чехов“, а актерската екипа многу сериозна, во професионалниот пристап.

„Станува збор за доста возбудлив материјал, кој доста говори за нашиот сегашен миг како нација и држава“, рече меѓу другото Унковски, укажувајќи дека „Последните Германци“ е прва вистинска, целовечерна драма на Дуковски без фрагментарна драматургија, но и дека му е многу драго што е поддржана оваа македонска драма, бидејќи „без македонска драма не може да се говори за македонски национален театар“.

Драматургот Дејан Дуковски, кој исто така не го криеше задоволството од досегашната работа на претставата, посочи дека првично неговата идеја за текстот му била врзана за филмско сценарио, а подоцна ја добила сегашната форма.

„Овој текст е многу поразличен од моите досегашни. Има поспецифична, отворена структура. Исклучително сум задоволен од реализацијата, сепак, ми е многу важно како ќе помине и искрено, имам трема“, рече Дејан Дуковски.


Статијата е прочитана 867 пати.


Испрати коментар



„Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
Филмскиот фонд ќе финансира 28 проекти
Дино Имери ја одушеви публиката во „Лисински“
(ФОТО) Поштенска марка со вкус на чоколадо
(ФОТО) Долги аплаузи и воодушевување на премиерата на „Изгубени Германци“
Сто и дваесет години од смртта на Григор Прличев
(ВИДЕО) Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари
„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс
Премиера на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во МНТ
Слика од Пикасо продадена за 28,6 милиони фунти
Роби Вилијамс не бил доволно кул за „Оејзис“
Агата Кристи била надгледувана од МИ5
Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Првата фотографија на синот на Шакира и Пике за УНИЦЕФ
Реконструирано лицето на Ричард Трети
Пронајден скелетот на Ричард Трети

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |