05.02.2013, 13:05 Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Диригент е Виктор Митровски, режисер и сценограф Уши Хорнер од Австрија, а изборот на костимите е на Марта Трендафилова
Премиера на комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајд ќе биде одиграна вечерва 20 часот, а репризата е најавена за утре во истото време.
Диригент е Виктор Митровски, режисер и сценограф Уши Хорнер од Австрија, а изборот на костимите е на Марта Трендафилова. Ќе настапат солистите: Дејан Стоев во улогата на Семпронио (вечерва) и Зоран Даскаловски (утревечер), улогата на Грилета им е доверена на солистките Билјана Ѓуровска и на Александра Лазаровска- Василевски, улогата на Менгоне на Јане Дунимаглоски и Никола Стојчевски, а во улогата на Волпино публиката ќе ја види Николина Јаневска.
„Младиот Менгоне влегува во служба на аптеката на Семпронио, иако тој нема никакво познавање од хемија. Вистинската причина за неговата ’посветеност’ во работата е неговата љубов кон Грилета, штитеничката на Семпронио, каде што во првата сцена меша разни хемикалии правејќи меланхолична опивка за неговата сакана, која пак ќе го доведе до нејзиниот господар кој наместо да се занимава со неговиот бизнис, се закопува во неговите весници и ги остава неговите чираци да се снаоѓаат сами во работата.
Семпронио дознава дека Русија ја зафатила чума. Но веста дека неговиот постар братучед се оженил со неговата штитеничка за него е поинтересна отколку бизнисот со лекови и таблети. Затоа намерата му е да постапи мудро во врска со неговите намери со Грилета. Во случајов сега таа има три додворувачи...“
Ова е дел од содржината на комичната опера од Јозеф Хајд, која МОБ очекува да го привлече вниманието на публиката.
|