07.02.2013, 15:06 По Виена, Скопје пие најчиста вода во Европа
Имаме бистра и санитарна вода без радиоактивни елементи, без никакви бактерии и органски материи
Бојан Шашевски
„После жителите на Виена, скопјани ја пијат втората најквалитетна вода во Европа. Во изминатите 50 години нема никакви докази дека постоело било какво загадување или проблем со питката вода во Скопје, а сигурно најмалку уште толку градот ќе располага со чиста вода. Изворот Рашче сигурно ќе живее колку и Скопје. Имаме бистра и санитарна вода без радиоактивни елементи, без никакви бактерии и органски материи. Граѓаните слободно можат да ја пијат водата што ја добиваат преку нашето претпријатие“, рече директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Ст��јан Србиновски при посетата на Центарот за санитарна контрола во Карпош 4.
Овој Центар преку три модерни лаборатории врши редовен мониторинг на скопската питка вода, 365 дена во годината. Вработените на дневна база земаат примерок од 36 мерни точки низ градот, а потоа ги носат на анализи во Центарот. Мерните места се одредени според бројот на еквивалент живели на Скопје. „Водовод“ има можност квалитетот на водата да го следи во микробиолошка и хемиска лабораторија, а располага и со лаботорија за површинските и отпадни води, како и со служба за санитарна контрола и надзор. Со опремата лаборантите мерат присуство и отсуство на органски и неоргански материи, испитуваат анеони на вода, токсини, тешки метали...
„На софистициран начин постојано проверуваме и докажуваме дека и најмала капка вода не содржи жива. Испитуваме вода која ја пијат 700.000 луѓе, па потоа со мирна совест си одиме дома“, вели еден од постарите лаборанти во Центарот за санитарна контрола.
Неговата колешка од Лабораторијата за отпадни води потврдува дека засега нема механизам за во целост да се следат површинските и отпадните води, но тоа во голем мера треба да се реши со изградба на пречистителната станица која ќе ги собира скопските фекални води и ќе му дава на Вардар високопрочистена вода.
„Секоја вода има 4 класи според параметрите за квалитет. Не е тајна дека Вардар е прилично загаден и се наоѓа на 3 или 4 класа, односно вон класа“, велат од Центарот.
Директорот на „Водовод“ тврди дека досега немаат пронајдено штетна вода низ сите 36 мерни места. Вели, хлорот уништува се' што е органско, но сепак, мораат да вршат дополнителни анализи.
„Некаде се појавуваат технички проблеми со цевки, но никогаш не бил доведен во прашање квалитетот на питката вода. Нашиот систем е под притисок и кога ќе влезе во цевките на мрежата нема можност да излезе на површина, оди директно до домовите. Лидери сме во Македонија за модерни испитувања во полето на акватиката. После Скопје, и во Велес, Кочани и Струмица има високософистицирани стандарди за анализирање на водата за пиење“, вели Србиновски, потенцирајќи дека наплатата на водата оди доста добро, со мали исклучоци. |
Статијата е прочитана 1520 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
krste, 07.02.2013 15:26:08 | Novi i sofisticirani laboratorii a rabotat so stakleni pipet za mikrobiologija. Devojcinjata ubavo sto stavile rakavici ali da ja primeberea malku kosata? |
| mene, 07.02.2013 19:11:40 | Ve molam odgovorete mi spored koja analiza Makedonija e na vtoro mesto vo Evropa vo odnos na kvalitetot na pitka voda? Pretpostavuvam se raboti za megjunarodna analiza, no prebaruvav po i-net i nikade ne mozam da ja najdam. |
| СТРУМА, 07.02.2013 21:30:45 | Гледајки ја сликата не би рекол за најсофистицирана лабараториа.
На Струмичката фабрика за вода Скопски водовод може вода да му носи.
30 години наназад Струмичани имаат опрема за прочистителната станица донесен директно од Париз ,најсовремена технологија во тоа време.а со таа технологија можеа да се пофалат само Париз ,Загреб и Струмица во Европа .Пред некоја година се беше обновено,а самата вода доага или поточно е прифатена од најеколошкиот крај на Македонија Берово.Е затоа Струмица има почиста вода за пиенје од Скопје.А пред вистината и боговите клечаат. |
| Baba Zumbula, 08.02.2013 01:09:17 | Skopje e eden od retkite gradovi vo svetot da ima kvalitetna pitka voda.Mozebi e malku (nekoj ke kaze malku poveke) *tvrda*,no koga ke se sumera se, imame dobra voda.Sistemite distribucija i kontrola se postaveni na *zdravi noze* pred 50 tina godini (normalno e da ima nadogradba,svetot odi napred),no osnovata e sozdadena togas.Dokaz za toa e nemanjeto problemi. Krste,ponekogas tradicionalnite metodi se koristat za da se kontroliraat sovremenite aparati.Ne velam deka sovremenite ne cinat,no sepak da ne plukame vo stariot bunar.Iskustvoto mi govori da tradicionalnite metodi vo svetot se kako backup na sovremenite.Sto se odnesuva za kosite na devojkite,se slozuvam,Sepak e toa laboratorija,nezavisno hemiska ili mikrobioloska. Pozdrav! |
| LJUBOTAN TRADE NAME, 08.02.2013 01:12:11 | Lugje,gostivarska kanalizacija e vo Vardar ,Do Tetovo,a od Tetovo site kanalizacii se vo Vardar,Site kanalizacii se do Rasce se direktno il nedirektno povrzani so podzdemnite vodi na Vardar! Ako ova ne e vistina?,Sto stana ,i kade se Vardarskite Ribi? Kade se Skopskite Pecarosi na Vardar? Hej !Ribata e Indikator na cistata voda ,a ne modificirana laboratorija,za dnevno politicki potrrebi! Bas ,i ovoj segment -pisanije,e i moja profesionalna disciplina! |
| redoven citatel, 08.02.2013 09:30:54 | На веб-страната на Водовод ги имате сите стандарди и сертификати под кои работи претпријатието и Центарот за санитарна контрола. Одете на http://vodovod.mk/ - Деловност - ИСО Стандарди - Сертификат. Поздрав
|
| EU, 08.02.2013 09:41:42 | A kakva voda pijat makedonkite selani po MK sela?... |
| skopjanec, 08.02.2013 10:21:27 | Mozebi skopskata vodaza pienje e na vtoro mesto po vodata od Viena,ama sigurno e na prvo mesto vo svetot po kolicinata na bigor vo nea, |
| star skopjanec, 08.02.2013 11:54:45 | E pa i jas kako star skopjanec da kazam...Kvalitetot na vodata laboratoriski e edno a vkusot za pienje e drugo...deneska samo poedini delovi na Skopje imaat dobra voda za pienje toa se Bit Pazar Topana...tamu e starata vodna mreza dlaboka za razlika od Aerodrom Kisela Voda ..i ostanati kade vodata odi od razlicni izvori i so plitka mreza so sto vodata gubi vo smek sto bi rekle komsiite.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ситен дожд
|
Сабота
Замрзнат дожд
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
Недела
Сончево
Макс: 3°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
|