08.02.2013, 15:42 Поништена продажбата на „Винеа“
КАВАДАРЦИ - Поради повреда на законската одредба за достава на предметот од извршител е поништена продажбата на винарската визба „Винеа“. Како што дознаваме, единствена причина за ваквата одлука на Основниот суд Кавадарци било тоа што должникот не е известен од извршителот за продажба на неговиот имот. Незадоволните од оваа одлука сега имаат право на жалба, по што ќе се знае дали повторно визбата ќе биде ставена на лицитација за продажба.
Лозарите четири дена протестираа со барање судот да ја поништи продажбата, што беше единствен начин тие да си ги наплатат побарувањата од над 600 илјади евра за грозјето што го предале во визбата. Тие деновиве го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман.
Познавачите велат дека и одлуката за поништена продажба на „Винеа“ не им оди во прилог на лозарите за наплата на нивниот долг.
„Завр��и само еден дел од нашиот проблем. Сега треба да се сретнеме со газдата на визбата за да ги утврдиме натамошните чекори околу исплатата на лозарите. Мора да знаеме на кој начин ќе им биде платено грозјето за 2009, 2010 дел за 2011 и за 2012 година“ рече Љупчо Аризанов, претседател на „Агротиквешија“.
Лозарите и вчера беа на блокади каде претставник на „Винеа“ оствари средба со нив.
Визбата беше продадена за 1,2 милиони евра, двојно помалку од реалната проценета вредност.(А.Д.) |