08.02.2013, 15:58 Во струшко спречено поставување на јарбол со македонско знаме
Жителите на струшкото село Мислешево денеска на мирен протест го искажаа незадоволството од решението за отстранување на бетонскиот столб каде треба да се постави јарбол со македонското знаме.
Пред околу еден месец, тие ја започнале изградбата на постаментот, по претходно одобрување од страна на сопственикот на местото каде што планираат да го подигнат јарболот.
Стрезо Јовчески од месната заедница во Мислешево вели дека до него стигнало решението за отстранување на бетонскиот столб од страна на општинските инспекциски служби. Според него, оваа иницијатива нема никаков етнични или верски предзнак кој би имал цел да предизвика немири кај целокупното население.
- Ова не верско знаме или друго знаме кое поттикнува предрасуди, туку македонско државно знаме во приватен посед. Почнавме да градиме. Дојдоа од инспекција, градскиот архитект и уште двајца и ни рекоа да прекинеме со работата. Не сметаме никому. Им кажав дека на 28 ноември цела Струга беше преплавена со албански знамиња и затоа ние ќе го истакнеме македонското знаме. Кога може во Обединети нации да се вее македонското знаме, зошто да не може во Македонија. Ќе го браниме нашиот став. Изборите нека си течат, немаме ништо против. И ДУИ и другите партии имаат македонски гласови одовде, вели Јовчески.
Сопственикот на местото Ѓорѓи Трифуноски каде е планирано да се подигне јарболот со македонското знаме не бил досега информиран дека местото му е одземено. Тој најави дека за ваквиот однос ќе покрене судска постапка кон државата.
- Во 1983 година кога бил премерот, бесправно ми е земено местото без да ме прашаат. Поминале, и како што им текнало, го запишале на Република Македонија. Тоа е мој личен имот. Ова е јарбол. Ќе си го вратам местото и ќе покренам судска постапка, вели Трифуноски.
Од локалната самоуправа во Струга појаснуваат дека има два начина за регулирање на ова прашање и тоа граѓанска иницијатива која мора да помине низ повеќе филтри или пак да се достави официјално барање до надлежните општински служби.
- По правило, иницијативата треба да помине пред Советот на општината, да ја разгледаат одредени комисии. Врз основа на стручно мислење, согласно постојните законски прописи да се одговори соодветно на иницијативата, дали ќе се прифати или нема да се прифати. Ако се работи за барање за одобрение за градба сигурно дека службите постапуваат согласно со Законот, појаснува секретарот на Општина Струга, Зоран Гулицоски.
Од месната заедница во селото Мислешево велат дека јарболот ќе биде висок околу дваесет метри и заедно со македонското знаме ќе бидат поставени непосредно пред локалните избори. |
Статијата е прочитана 3257 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Mark, 08.02.2013 16:34:31 | Ej mori Feelix, a be kaj e ovoj Struga, a? Nije u Maquedonis, a? Uste ne ti se svari baklavata od Tetove koga go setavte Ramus, a eve sega i ova? E stvarno ova *koaliciskive*, namesto da pocekaat da ja zavrsite glavnata rabota - Branko da go smenite, ami kako - tie glej sto pravat? Ili pa zaedno ja dogovorivte - da go potpalite pak ognot za da ne ja zavrsite rabotata za koja Gruevski izgleda ke da dal veke *besa* - da be, za imeto, a Felix? Kako i da e, *tapa Dzonson* ste veke, vi dzirkaat od segde sramotilacite! |
| Kojco, 08.02.2013 16:48:45 | Груевски излези од ДУПКА и кажи дали Струга е во Македонија или е дел од некоја друга држава или покраина. Феликс ти што ке кажеш за ова? |
| resava, 08.02.2013 16:55:25 | kadesi grujo zemja da nema date zakopat vo makedonija da nemozis makedonsko zname da stavis siptarite dagi pitame ova go nema ni vo tunguzija sramota |
| Baba Zumbula, 08.02.2013 18:04:24 | Aljo...aljo... tefLJonce Evdino sto e rabotava???? Malku da pojasnis na baba?Mislesevo e vo drzava Makedonija,ili???Eve malku video od Mislesevo http://a1on.mk/wordpress/archives/97708 Evdo,ama ti uste ne go odnese vo teatar da gleda *MME koj prv pocna*od DD.Gresis,belkim ke sfati nesto. MJAUUUUUU!!!!! |
| ФЕЛИКС, 08.02.2013 20:07:36 | Токму така Марк,вчера имавме маршовидна покана за заедничко пиење боза,со оној со кого се договараа по бензински пумпи,во слободно време клучар на на Тетово.Инаку ова што се случува во Струшко е за секоја осуда,ама не од вас.Оти вашите се територијални дарители ако се сеќавате,ако не сега знаете.Затоа друг не местете ми пенали да пуцам на празен гол. |
| mitre mutaviot, 08.02.2013 20:22:20 | И овој глуп специјалитет со знамињава е на кого ако не на Грујо............но сепак Феликс ќе каже како неговиот ментор дека Бwанко е крив??? |
| Картел на Трговци поединци, 08.02.2013 20:29:21 | Се оствари сонот на Љупчо Јорданоски, кој со солзи во очите го бранеше правото на група граѓани од Македонија да употребуваат симболи на соседна држава во Македонија. Секако дека е горда и Шеќеринска која знаеше дека некои прашања не заслужуваат одговор. Се покажа дека бил во право Бучкоски дека Македонците само гледаат сеир и не прават ништо, па затоа Бранко мораше „играта“ (пазарењето) со УЧК за територијално делење на Македонија на „албански територии“ и територии со мешан етнички состав, да ја предаде со резултат 3:0. Дали е така? Дали така ќе остане? Дали сега имаа план за згрижување на бранот на внатрешно раселени? |
| profesorka, 08.02.2013 20:29:54 | Koga ne se cita, ne se znae. Sekoja diktatura nosi propast na svojot narod pred se. Od mnogu nacionalizam, ostanavme so gol zadnik. A Vie koj go barate Grujo da Vi pomogne, mnogu ste se zeznale. |
| Struga, 08.02.2013 21:30:29 | Abe ovie od VMRO gi nema da dadat mislenje za ovie nastani???(Nitu za Haredinaj,nitu za protestot prede srpskata ambasada,eve gi nema sega i za znameto,) A kolku shto pratam,i za znaminjata albanski koi se veeja pred izvesno vreme vo zapadna Makedonija ostanaa nemi.A koga ima opozicijata protest a eve gi nivnite komentari.
Abe ovie nebare se mutanti.
Da ne ste se javile veke za komentari protiv Branko i SDSM,.Mislam deka nemate veke kredibilitet,da ja branite Makedonija od vnatresniot neprijatel,bidejki ne znaete shto e toa neprijatel na svojot narod. |
| Божидар Димитров, 08.02.2013 22:01:46 | Фактот дека ќе подигнат повисок столб со нивното национално знаме од бугарското на Деве Баир .....Се прашувам за колку време на Деве Баир ќе се вее црвеното знаме и кога ќе биде заменето од друго црвено, но со албанскиот орел. Ако Груевски е толку храбар, нека распне 75-метар јарбол со македонско знаме на врвот на Дебар,Тетово, Гостивар или Кичево, или и снаселбата на Ромите во Охрид |
| Stefan M., 08.02.2013 22:13:35 | Gospodien Feliks pa Vie toa sakate da kazete deka opstinskite zakoni i opstinskite vlasti se nad drzavnite????Bog da cuva i da brani. Znaci li toa deka gradonacalnik na opstina e nad premier. Ako e toa taka togas ne gledam voopsto potreba od ponatamosno postoenje na drzavata. Znaci li toa deka necij oproekt e pri krajot?? |
| Podgor, 08.02.2013 23:01:18 | Poleka ja gubime drzavata Nie makedoci sme silni eden protiv drug no koga se vo prashanje albancite prpa.Onoj Feliks e silen samo da frla po protestantite vo Tetovo so jajca od balkon Nekoi go zabelezale zavchera |
| BARON, 08.02.2013 23:38:17 | Realno kazano i gledano znameto ne cisto makedonsko znameto e ostvoreno od vmrovcite a ne od mk narod pa i zatoa bilo kade ne pozelno partisko zname bilo kade ,pravo zname treba da ima multi etnicki loga so izmesani znaminja na narodot sto zivee vo mk posto mk e multi etnicka drzava,pravo zname treba da bide so logo so tursko albansko ,makedonsko,bugarsko,romsko,bosansko,i normalno e deka sekoj si veli deka znameto e samo na vmrovcite a ne na narodot sto zivee vo mk. |
| selim selimoski, 09.02.2013 00:14:22 | go citav textov nekolku pati ama nemozam da razberam dali e ova vistina ili e prvi april |
| Весна.С, 09.02.2013 02:08:54 | Еден ден на Македонците ќе им биде забрането да зборуваат и Македонски и тоа се по Законот за територијална поделба и рамковниот . |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -2°C
|
Вторник
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“ 95.Carl Perkins, „Blue suede shoes“Автор: Perkins; продуцент: Sam Phillips; објавена: февруари 1956 година, „Сан“ |
Американците сакаат весници Прв пат во историјата, „Њујорк тајмс“ оствари повисоки приходи од продажбата на печатени и онлајн-изданија отколку од пл... | |
|