10.02.2013, 15:50 Ролан светска шампионка во спуст
Триесетгодишната Французинка Марион Ролан е сензационалната победничка на трката во спуст на Светското првенство во алпски дисциплини во Шладминг. Иако се натпреваруваше со висок стартен број 22, таа постигна најдобро време од 1:50.00 минути.
Второто место и' припадна на Италијанката Надја Фанкини, која долго време беше водечка, а на крајот имаше заостанување од 16 стотинки зад Ролан. Бронзениот медал го освои Германката Марија Хефл-Риш, која е светска шампионка во суперкомбинација.
Трката ја обележаа и неколкуте падови, пред се' на Стефан Мозес, на Вероника Хронек и на Доминик Гисин, поради кои натпреварувањето беше неколку пати прекинувано.
Утре на мундијалската програма е машката суперкомбинација.
|