12.02.2013, 16:03 Пожар во трафостаница во Тетово, нема повредени
Во трафостаница на ул. „Штипска“ во близина на муслиманските гробишта во Тетово околу 14 часот избил пожар. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица пожарот бил изгаснат.
Според информаците на вработените на ЕВН, кои се на увид заедно со полицијата, целосно е изгорен високонапонскиот блок во трафостаницата.
Без струја се улиците „Штипска“, „Киро Ристовски Дрнт“, „116“, во овој дел од градот.
Од пожарот делумно е зафатена и гаражата веднаш до трафостаницата, а ошететен е и автомобил „голф 3“ кабриолет од страната што била поблиску до пожарот.
Во моментов се врши увид на самото место.
Според првичните процентки, околу 30 илјади евра е направената штета од изгорената опрема во трафостаницата. |