13.02.2013, 15:29 „Фолтин“ за Св. Трифун и Св. Валентин во „Хавана“
Новиот албум спакуван во само 17 минути музика, ќе има можност да го слушне скопската публика вечерва повторно, откако неодамна „Фолтин“ концертно го промовираа во МКЦ
По повод Св. Трифун и Св. Валентин, битолската група „Фолтин“ со изведба на композициите од најновиот албум „Антитело“, денеска на полноќ ќе настапи во клубот „Хавана“. Новиот албум спакуван во само 17 минути музика, ќе има можност да го слушне скопската публика вечерва повторно откако неодамна „Фолтин“ концертно го промовираа во МКЦ. Освен темите од „Антитело“, овој пат ќе прозвучат и композиции од нивните последни два албума.
Концертот симболично го носи насловот „Антитело во потрага по тела на Св. Трифун“. За новиот албум „Антитело“, вокалистот Бранко Николов ќе изјави: „Кога пишуваш поезија и ја свириш, имаш апстрактна форма и израз, што е супер затоа што на слушателот му оставаш голема слобода да го сфати делото онака како што сака. Таа слобода е незаменлива и совршена, а добро дело излегува кога дозволуваш слушателот да го чуе“. |