13.02.2013, 14:03 Мила Кунис ќе се соблече, само да не ја прашуваат за Ештон
Мила и Ештон се познаваат 14 години, а во врска се откога тој го прекина 6-годишниот брак со Деми Мур
Таа е една од најсексапилните жени на планетата и нема проблем сосема да се разголи за вистинска филмска улога, но Мила Кунис е многу срамежлива кога треба да каже нешто за својот љубовен живот. Актерката е на насловната страница на мартовското издание на магазинот „Алур“, за кој дала интервју и снимила едиторијал инспириран од шеесеттите години.
Во интервјуто Мила отворено зборувала за голотијата во филмот „Само пријателски“, во кој играла со Џастин Тимберлејк. „Ги покажав само градите од страна. Не го покажав задникот. Доби��ате едно или друго, не може двете“.
Актерката која осум години беше во врска со Меколи Калкин, ѕвездата на филмовите „Сам дома“, се отворила и за самотничкиот живот: „Четири години бев без момче. Одлично се забавував. Обожавам кога сум сама!“
Меѓутоа, сета искреност исчезнала кога на убавата Украинка и' е покажана слика на Ештон Качер, нејзиното сегашно момче: „Не знаев дека ќе ме интервјуирате за моите пријатели, луѓето со кои се забавувам, или со кои некогаш сум се забавувала. Требаше да разговараме за мене!“
Мила и Ештон се познаваат 14 години, а во врска се откога Ештон го прекина 6-годишниот брак со Деми Мур. Mила Кунис оваа година треба да сними шест филма, а моментално го снима „Третиот човек“, со Лијам Нисон, Џејмс Франко и Адријан Броди. |