14.02.2013, 13:49 Нелегален имигрант се самозапали на аеродромот во Рим
Нелегален имигрант од Брегот на Слоновата Коска, кој требало да биде депортиран од Италија, се самозапали денеска на меѓународниот аеродром „Леонардо да Винчи“ во Рим.
Мажот пред да помине преку одделот за проверка на главниот терминал за патници кои заминуваат, се полеал со запаллива течност и се потпалил.
Полицајци успеале да го изгаснат огнот, а мажот бил веднаш пренесен во болница со тешки изгореници по телото.
Од безбедносни причини патниците кои се наоѓале на терминалот биле евакуирани. |