Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.02.2013, 16:34
Евтината струја ќе се враќа со референдум?



Пратениците ги отфрлија предлозите на 13.000 граѓани, АМАН размислува за референдум и собирање на 150 илјади потписи

Маја Томиќ

Референдум и продолжување со протести. Тоа се двете опции за кои размислува граѓанската иницијатива АМАН, со кои се надева дека ќе ги натера пратениците да ги прифатат барањата за измени во Законот за енергетика. Дали и кога ќе започне таа акција, ќе биде прецизирано на денешната прес-конференција на АМАН. Oваа одлука доаѓа откако во петокот на Комисијата за економски прашања, и денеска, на законодавно-правната комисија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги одбија предлозите за измени во Законот со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа за струјата и укинување на обврската за плаќање на надомест за парно од 10 денари по квадратен метар. Барањата на АМАН беа прифатливи само за пратениците од ДУИ и ДПА.

На денешната седница на законодавно правната комисија, претседателката Благородна Дулиќ, од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека измените во Законот се отфрлаат затоа што не се создадени услови Собранието законски да и' наложи на Регулаторната комисија за енергетика да ја врати евтината дневна струја.

„Собранието може само да апелира до РКЕ, Владата и Министерството за економија да направат анализа на барањата и да ја информираат јавноста, а АМАН со свој елаборат да го докаже она за што се бори“, изјави таа.

Од АМАН велат дека ќе почекаат да го видат епилогот на нивните барања и од собраниската седница. Сепак, не очекуваат поинаков резултат од она што веќе се случи на комисиските седници.

„Утре на јавноста ќе и' соопштиме со какви акции ќе продолжиме, при што не е исклучено да се бараат промени во Законот со распишување референдум, за што треба да се соберат 150 илјади потписи од граѓани“, вели Зорица Димовска од АМАН.

Таа додава дека се изненадени што пратениците немаа слух за барањата на граѓаните кои со просечни примања не можат да си ги платат сметките и што Регулаторна не го зема предвид стандардот на граѓаните кога носи одлуки за зголемување на цените.

За измени во Законот за енергетика се потпишаа над 13.000 граѓани, што беше доволно АМАН на крајот на јануари да ја достави до парламентот иницијативата за измени во Законот. „Враќање на евтината, дневна тарифа на струјата и укинувањето на плаќањето на надоместокот за парно и кога не се користи, се целосно оправдани, ако се има предвид стандардот. Никому не му одговара укинувањето на дневната евтина струја во попладневните часови, што е удар врз стандардот на секое домаќинство“, вели П.А, пензионерка од Скопје.

Објаснувањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е дека повторното враќање на евтината, дневна струја дополнително ќе го оптовари енергетскиот систем и ќе создаде потреба од поголем увоз на скапа струја, што ќе значи и зголемување на нејзината цена.







Статијата е прочитана 4436 пати.


Испрати коментар



Данците работат за 25 евра на час, Македонецот за 2,5 евра
Ќе има пониски камати, ама не радикално
Колкав е долгот на фирмите за здравствено и за пензиско?



meksikanec, 11.02.2013 17:55:05
Voopste ne e tesko da se predvidi kako ke zavrsat baranjata na AMAN,zatoa sto edna nenarodna Vlast nikogas ne moze da se nadmine i donese zakon,odluka ili bilo kakvo resenie vo interes na narodot.Toa go pravi koga treba da gi potkupi gragjanite pred izbori.Kako inace,moze da se protolkuva,Romskiot bal na Amdi Bajram,komu na gosti mu dojdoa Gruevski so celatta familija,dodeka negovite Romi,zad koj se krie vo Sobranieto kako nivni predstavnik,kako i mnogu drugi gragjani vo zemjata,pitacat po mostovite,crkvite i raskrsnicite.Za cudo ovaj isproban korupcioner,nema prijaveno nikakov imot a trosi pari nemilosrdno. Zacuduvacki e faktot,sto cela politicka elita na DPMNE otide bas kaj nego na gosti, posle nepristojnite i krajno ne kulturnite psovki,kako i izazivanjeta so negoviot sreden prst.Srbite velat-Skim si,takav si.Od tie pricini i mnogu drugi, narodot masovno treba da se pridruzi kon site povici na AMAN.Zatoa sto, na ovaa vlast, na um ne i paga da napravi nesto za narodot, bez pritisok.
kavadarcanec, 11.02.2013 18:32:52
Feliks vaka li patriotite se zalagaat za narodot.Sto e toa evtina struja patriotcihja mjauuuuuuuuuuuuuu
gv, 11.02.2013 19:28:19
Нека види Македонскиот нарог за кого гласа,овие ги уништиа тотално,пак гласајте за нив.Ајрлија .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 10°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
91. Elvis Presley, „Suspicious minds“
Автор: Mark James; продуценти: Chips Moman, Felton Jarvis, Presley; објавена септември 1969 година, РЦА
Вечера и појадок за љубовниците
Ви предлагаме мени за Денот на вљубените - со него завршете ја вечерата и почнете го утрото...
Кинеска година на Змијата - Змијата во куќа, гладот од куќа
Една древна кинеска поговорка вели дека змија во куќата е добар знак, бидејќи тоа значи дека вашето семејство нема да гл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |