14.02.2013, 16:24 Македонија на 78. место на ФИФА-листата
Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман за две места на најновата рејтинг-листа на светската фудбалска асоцијација ФИФА. Благодарение на победата од 3:0 над Данска во неодамнешниот пријателски натпревар во Скопје, Македонија се искачи на 78. место, со што продолжи напредокот на црвено-жолтите во последниве пет месеци откако за селектор беше поставен Чедомир Јаневски.
Од противниците во квалификациската група за Светското првенство 2014 во Бразил најдобро стои Хрватска, која е на деветтото место. Белгија, против која Македонија ја очекува квалификациски двомеч во март, се наоѓа на 20. позиција, Србија е 36., Шкотска 64., а Велс, кој напредуваше цели 13 места, сега е 64.
На февруарската листа води Шпанија, пред Германија и Аргентина, а потоа следуваат Англија, Италија, Колумбија, Португалија, Холандија, Хр��атска и Русија. Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 14 март.
|