14.02.2013, 16:36 Стив Мартин првпат стана татко на 68 години
Актерот Стив Мартин првпат на 68 години стана татко. Медиумите објавија дека Мартин и неговата сопруга Ен Стрингфилд (41), новинарка на „Њујорк тајмс“ добиле принова во декември минатата година.
Двојката е позната по чувањето на својата приватност, но неодамна е видена како се шета со бебе во Лос Анџелес.
- Добија бебе, но никој не знае како успеаја да ја сочуваат тајната, изјави неименуван извор.
Стив и Ен се венчаа во јули 2007 година по три години заеднички живот. Мартин пред тоа беше во брак со актерката Викторија Тенант од 1986 до 1994 година
|