Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.02.2013, 15:28

Берлинале почна во знакот на политиката

Вонг Кар Ваи не го донесе очекуваното, а Дитер Кослик ја повика иранската Влада да го ослободи Џафар Панахи

Сунчица Уневска

Моќен старт. Беа коментарите по прексиноќешното отворање на 63. „Берлински филмски фестивал“, на кое главни ѕвезди беа кинеските актери Зији Занг (позната од големите спектакли „Прикриен тигар, скриен змеј“ и „Куќа на летечки ножеви“) и Тони Леунг (кого го паметиме по култниот „Расположени за љубов“, но и „Херој“, „2046“), кои играат главни улоги во филмот со кој се отвори фестивалот, „Големиот мајстор“. Големо внимание на црвениот килим привлече и појавувањето на кинескиот режисер Вонг Кар Ваи, еден од најзначајните автори последн��ве дваесет години. Кар Ваи го предводи и годинешното жири и со него пред прекрасната палата „Берлинале паласт“, на која црвеното и' е заштитен знак, се појавија и останатите членови, меѓу кои се и Сузан Биер од Данска, Иранката Ширин Нешат, која живее во Њујорк, потоа Адреас Дрезен од Германија, како и американскиот актер Тим Тобинс.

Епската акција на Вонг Кар Ваи остави впечаток, пред се', со својата стилизираност и филозофски приод, иако станува збор за филм кој е посветен на боречките вештини. Многумина го доживеаја моќно, барем кога станува збор за фотографијата и извонредната способност на Кар Ваи да внесе поезија, меланхолија и убавина, но мора да кажеме дека критиката е поделена. Како и да е, „Големиот мајстор“ е амбициозен филм, кој освен што се навраќа на животот на големиот борец Ип Ман, познат како основач на школата за воени вештини Винг Чун, која стана една од најпознатите во светот, туку авторот се навраќа и на бурните политички години во 1930-те години во Кина.

Тоа, но и говорите на директорот на Фестивалот, Дитер Кослик, како и на министерот за култура на Германија, Бернд Ноиман, придонесоа за коментарите, дека Берлин повторно на својот почеток фокусот го става на политиката. „Берлин преферира да открие мрачна нота и да стави политика“, ќе рече еден критичар. Инаку, факт е дека Берлинале се гордее со својата позиција на најполитички фестивал. Дитер Кослик веќе на самиот почеток ја продолжи својата долга политичка кампања, која ја води за ослободување на иранскиот режисер Џафар Панахи. Тој и' кажа на публиката на овој голем настан дека се обратил до иранската Влада и до нивното Министерство за култура, барајќи да го пуштат од затвор за да присуствува на светската премиера на својот филм „Затворена завеса“.

Овој филм, кој Панахи го снимаше заедно со Камбузија Партови, додека беше во куќен притвор, селектиран е во главната натпреварувачка програма. Инаку, првата забрана за Панахи да го напушти Иран и подоцнежното осудување на 20 години затвор, се случи токму пред Берлинскиот фестивал, на кој Панахи требаше да биде во официјалното жири. Џафар Панахи има мал, но извонреден опус, со кој освои многу награди и стана меѓународно познат. „Круг“, „Белиот балон“, „Офсајд“ се само некои од филмовите, во кои Панахи многу отворено зборува за иранското општество, но притворањето се случи откако тој се вклучи кон протестите на антивладиното „Зелено движење“ во 2009 година.

Кон сето ова се приклучи и Бернд Ноиман, користејќи го отворањето на фестивалот како политичка платформа за да упати апел до Владата во Иран. Тој направи споредба со нивната историја, велејќи дека треба да се погледне лекцијата што тие ја научиле, кога за време на режимот на нацистите цели 12 години имало забрана на слобода на говор. „Не може да има демократија без слобода на креативно изразување“, зборуваше Ноиман.

Инаку, за сликата да биде потполна, на црвениот килим, сосем неочекувано, се појавија и политичките демонстрантки од феминистичката група „Фемен“, кои голи до половина протестираа против гениталното осакатување. Но, овие украински демонстрантки не останаа надвор од главното случување, кое се разбира се одвива на црвениот килим, па почнаа да се прекачуваат преку оградите, поставени пред „Берлинале паласт“, по што беа исфрлени од обезбедувањето. Но, гламурот не изостана, и покрај ваквите случувања, во голем стил на црвениот килим се појавија многу ѕвезди, меѓу кои беа и Изабела Роселини, како и Џејн Фонда, едно од лицата на спонзорот „Лореал“.

Она што уште ќе го издвоиме од отворањето, повторно е говорот на Бернд Ноиман, но овој пат како најава за годинешната „Ретроспектива“, која низ неколку извонредни филмски остварувања, ја одбележува 80-годишнината од стапувањето на власт на нацистичкиот режим. Имено, организаторите се одлучија по тој повод да се фокусираат на филмското

наследство на авторите кои побегнаа од Европа и кои во Америка создадоа многу значајни дела. Бернд Ноиман зборуваше за големата загуба во германската култура, а особено во филмската индустрија, што се случи како резултат на тој нацистички режим. Меѓу филмовите во оваа програма се: „Казабланка“ на Мајкл Кертиз, „Признание на нацистичкиот шпион“ на Анатол Литвак, „Фурија“ на Фриц Ланг и други.

Вонг Кар Ваи не го донесе очекуваното. Некои му оддаваа признание за спојот на акцијата и уметноста, каква досега немало, но повеќето сметаат дека филмот е недоследен и недоволно силен во поглед на портретирање на ликовите, дека е премногу „збо��лест“, па дури и празен и здодевен. „Големиот мајстор“ е првиот филм од главната селекција, но прикажан надвор од конкуренција. Имено, трката допрва почнува.


Статијата е прочитана 555 пати.


Испрати коментар



Филмот „Арго“доби три награди БАФТА
(ФОТО) Триумф на младите музичари над ветераните
Ќерката на Мик Џегер живее во социјален стан
Кирил Џајковски на Вудсток
(ФОТО) Ритуално капење во Индија
Вегетаријански порции за Адолф Хитлер
(ФОТО) Самба! Самба! Самба!
(ФОТО) Кинезите го прославија пристигнувањето на Змијата
Леонардо ди Каприо во врска со косовската Мис универзум
Пол Макартни во Њу Орлеанс помина како уличен свирач
Од сабота до сабота
ЏИШ - Ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ
Нацоски одбележува декада на меѓународната сцена
Во мозокот постои центар за зло
„Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
Филмскиот фонд ќе финансира 28 проекти
Дино Имери ја одушеви публиката во „Лисински“
(ФОТО) Поштенска марка со вкус на чоколадо
(ФОТО) Долги аплаузи и воодушевување на премиерата на „Изгубени Германци“
Сто и дваесет години од смртта на Григор Прличев
(ВИДЕО) Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари
„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс
Премиера на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во МНТ
Слика од Пикасо продадена за 28,6 милиони фунти
Роби Вилијамс не бил доволно кул за „Оејзис“
Агата Кристи била надгледувана од МИ5
Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Првата фотографија на синот на Шакира и Пике за УНИЦЕФ
Реконструирано лицето на Ричард Трети
Пронајден скелетот на Ричард Трети
„Изгубени Германци“ утревечер премиерно во МНТ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
94. Little Richard, „Good Golly, Miss Molly“
Автори: Robert Bumps Blackwell, John Marascalco; продуцент: Blackwell; објавена: февруари 1958 година, „Спешиалити“
„Музеј на насилството“ во Белград: Јавен архив на омраза
Изложбата отворена во галеријата „Podroom“ на Културниот центар, на експлицитен начин ја запознава пошироката јавност со...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |