Македонскиот каратист Берат Јакупи е нов европски јуниорски шампион, триумфирајќи во дисциплината борби во категоријата до 21 година на Европското првенство во турскиот град Коња. Тој во финалето славеше со 2:1 против Шпанецот Арангурен.
Ден претходно бронзени медали освоија Моника Пендаровски и Виктор Крстевски.