14.02.2013, 13:14 Нема траги од радијација по севернокорејската нуклеарна проба
Јужнокорејски експерти за нуклеарна технологија денеска соопштија дека се` уште не е детектирана каква било радиоактивност како последица на нуклеарната проба на Пјонгјанг.
Воени бродови и авиони на јужнокорејскoто Воено воздухопловство, опремени со високоразвиена опрема за детектирање радијација, биле веднаш активирани откако во вторникот Северна Кореја изврши нуклеарна проба.
Покрај тоа, автоматски направи се наоѓаат ширум територијата на Јужна Кореја, кои редовно регистрираат примероци од воздухот.
Државната агенција за нуклеарна безбедност во Сеул соопшти дека досега анализирала осум атмосферски примероци, земени од почвата, морето и воздухот.
- Се` уште не е пронајден радиоактивен изотоп, нагласи агенцијата.
Главнат�� цел на експертите е да утврдат постоење на траги од гасот ксенон, кој се ослободува при детонации, а кој може да помогне за утврдување каква точно нуклеарна направа користел Пјонгјанг.
Тоа би помогнало да се утврди и дали Северна Кореја преминала од плутониум, кој го користеше при нуклеарните проби во 2006 и 2009 година, на нова нуклеарна програма во која можеби е користен збогатен ураниум.
И Кина го зајакна мониторнгот со цел да утврди дали изма зголемена радијација по третата нуклеарна проба на Северна Кореја, која беше осудена од цела меѓународна заедница, па и од Пекинг, кој важи за сојузник на оваа земја.
- Засега ниту една од 150 станици за следење на радиоактивноста ширум Кина не регистрира зголемени вредности, соопшти денеска кинеското Министерство за заштита на животната средина. |