12.02.2013, 14:36 Македонец спасил девојка во сообраќајка
![](WBStorage/Articles/96D0EA4B1E2FD94BB845229C9E48A1E7.jpg)
Македонец спасил девојка повредена во сообраќајка пред Ниш. Несреќата се случила во неделата, педесетина мунути по полноќ, кога автомобил „цитроен“ излетал од патот и удрил во ѕид. Во возилото имало четири патници, кои што се враќале од свадба. Загинал 32-годишен сопатник, а неговата девојка успеала да излезе од автомобилот и да побара помош.
„Паѓаше густ снег, видливоста беше слаба, коловозот прилично лизгав. Иако не возевме брзо, кога стигнавме до двојната кривина, возилото почна да шета лево-десно и следното што го паметам е ударот во банкина... Кога подоцна, отворив очи и чув плач, ни самата не знам како се спуштив од автомобилот, кој што вертикално стоеше крај ѕидот. Само во чорапи и во мрак, некако успеав да стигнам до патот, запрев возило на еден Македонец, рече дека се вика Бора, па ме пренесе до болницата во А��ексинац“, вели девојката за „Курир“, напоменувајќи дека спасувачот преку телефон ги алармирал Итната помош, полицијата и нејзините родители. |