14.02.2013, 10:46 „Фигаро“: Турбофолк скандал во Бугарија
Францускиот весник „Фигаро“ под насловот „Бугарија: Турбофолк скандал“ објави напис, посветен на турбофолкот во оваа земја и случајот со субвенции за бугарската музичка компанија „Пајнер медиа“.
- Доколку случајно се најдете во софиски ноќен клуб има голема веројатност дека ќе танцувате во ритамот на турбофолк музиката, која нема ништо заеднично со бугарската народна музика, туку повеќе наликува на разуздана верзија на поп фолк со диско ритам, турски примеси и традиционална ромска музика, нагласува весникот.
Овој вид на песни, додава „Фигаро“, ги пејат претежно жени, кои се лежерно облечени, а под облеката се гледаат нивните силикони.
- Во снимките на тие куклички, кои се како излезени од еротски филмови, се појавуваат и мажи со големи бицепси, кои позираат со луксузни ав��омобили, мафтаат со блескав накит и се обидуваат да ги имитираат гестовите на гангстерите. И покрај обидите да ги имитираат американските рап видео-записи, бугарските изгледаат кичесто. Но смешно или не тие турбо фолк спотови наидуваат на мошне поволен ветер. Всушност станува збор за виситнска турбо фолк индустрија, која во Бугарија се разви по падот на комунизмот, пишува „Фигаро“.
Весникот додава дека зад пејачките Глорија, Андреа или Преслава се кријат тајфа влијателни бизнисмени, а еден од нив е Митко Димитров. Тој ја раководи компанијата „Пајнер медиа“, една од најголемите во земјата, специјализирана за поп фолк музика.
- За оваа компанија се случи чудо. Таа беше избрана од ЕУ за доделување субвенции од 1,3 милиони евра (кои не треба да ги враќа). Парите се отпуштаат од програмата за развој со цел стимулирање на економската конкурентноспособност, додава „Фигаро“.
Оваа одлука не ги израдува сите Бугари, а уште повеќе и поради тоа што кон доделената сума самата држава додаде уште околу 150 илјади евра.
Познатиот режисер Аленсадар Морфов изјави дека има пад на моралните норми во Бугарија и додаде: „во нашата идиотска земја Бугарите можат да светот да му ја покажат својата култура“.
Пијанистот и композитор Антони Дончев финасирањето го означи како апсурдно, додавајќи дека турбофолк културата не треба да добива дополнителна помош.
Европската комисија се вмеша во случајот еден месец по избувнувањето на скандалот со субвенциите. Портпаролот на еврокомесарот за регионална политика изјави на 15 јануари дека Брисел сака спроведување истрага од страна на бугарските власти со цел да се утврди дали условитге за отпуштање на субвенциите биле испочитувани во врска со целите на „Пајнер медиа“. По тој обид самата компанија одлучи да се откаже од оваа „стипендија“. |