12.02.2013, 12:22 Никола Ѓурѓај повторно избран за претседател на „Илинден“
Никола Ѓурѓај е реизбран за претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, кое е едно од шесте македонски друштва во Албанија.
На изборното собрание на друштвото за потпретседател е избран Незир Меча, за секретар Ерлин Мазнику, а за генерален кординатор Ерјон Танај.
- Македонско друштво „Илинден“ од Тирана во периодот од 2012 до 2016 година ќе продолжи со својата активност и залагање за заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Република Албанија, како и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија, изјави Ѓурѓај.
Друштвото е формирано на почетокот од мај 2009 година. Пред две години покрај другите активности друштвото почна со издавањ��то на весникот на македонски јазик „Илинден“.
Покрај ова друштво, во Албанија функционираат и македонските друштва „Преспа“, „Мед“, „Мост“ , „Мир“ и „Гора“.
|