14.02.2013, 15:07 Демократскиот сојуз повикува на лидерска средба
Демократскиот сојуз ги повикува лидерите на сите политички партии да одржат итна средба на која ќе се разговара за актуелната политичка состојба во државата и ќе договорат излезни решенија од истата.
Според ДС сите треба да преземат дел од одговорноста за актуелните политички состојби и да партиципираат во разрешување на истите.
Приоритет на сите партии треба да бидат националните и стратешките интереси на државата и граѓаните, е ставот на Демократскиот сојуз, од каде што оценуваат дека учеството на локалните избори, како и одржувањето на истите во демократска атмосфера е еден од клучните услови за нашите евро-атлански перспективи.
- Формирањето на Парламентарна комисија за случувањата на 24.12.2012 година, враќањето на опозицијата во Парламентот, учеството на локалните избори и консензус околу надминување на предизвиците сврзани за односите со соседните држави, се прашања за кои може и мора да се постигне консензус, стои во соопштението од ДС. |