14.02.2013, 15:50 Македонија ќе одигра контролка со Норвешка
Фудбалската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка на 11 јуни во Осло
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка на 11 јуни во Осло. За селекторот на „црвено-жолтите“ Чедомир Јаневски, натпреварот против скандинавската селекција е одлична можност нашата репрезентација да го продолжи континуитетот на добри резултати.
- Ни претставува задоволство што Норвешка го прифати барањето да одиграме контролен натпревар. Тоа е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со многу поголема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде убава можност да ја зголемиме самодовербата и конкуренцијата во тимот пред квалификациските натпревари против Шкотска и Велс, изјави Јаневски за веб страната на ФФМ.
И норвешкиот селекторот Егил Олсен задоволен од договорениот дуел со Македонија.
- Македонија е во подем, репрезентација која игра допадлив фудбал. Ја победија Данска со 3:0, потврдија дека имаат квалитетни фудбалери и навистина ќе биде вистински тест за нашите можности, изјави Олсен.
Македонија има еден нерешен резултат и еден пораз од Норвешка во претходниот циклус квалификации за СП.
На ранг листата на ФИФА Норвешка е на 27.место. |