12.02.2013, 15:43 Борењето заминува од Олимписките игри
Почнувајќи од 2020 година со одлука на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) борењето ќе биде исклучено од програмата на Олимписките игри
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одлучи да го исклучи борењето од програмата на Олимписките игри почнувајќи од 2020 година. Ваква препорака е донесена на денешната седница на ИОК кој треба да одлучи со кој спорт ќе биде пополнето испразнетото место до бројката од 26 спортови на Олимпијадите.
Борењето е еден од најстарите олимписки спортови присутен уште од првата Олипијада во 1896 година.
На Олимписките игри во Лондон минатата година учествуваа 344 борачи во слободен и грчко-римски стил.
Кандидати за нови олимписки спортови има повеќе, меѓу кои се и карате, сквош, ролерски спортови, безбол и софтбол, спортско качување и др.
Во програмата за ОИ во Рио де Жанеиро 2016 година се вметнати голфот и рагбито. |