05.02.2013, 13:17 Три натпревари суспензија за Горан Попов
Горан Попов ќе паузира три натпревари поради директниот црвен картон што го доби на премиерлигашкиот натпревар со Тотенхем во неделата, кога го плукна противничкиот фудбалер Кајл Вокер.
Англиската фудбалска асоцијација соопшти дека нејзината Дисциплинска комисија нема да поведе дополнителна истрага против македонскиот бек на Вест Бромвич Албион бидејќи судијата Клатенбург го забележал инцидентот и реагирал во согласност со правилата. Суспензијата се однесува на гостувањата кај Ливерпул и Челзи, како и за мечот на домашен терен против Сандерленд. (Р.Д.)
|