07.02.2013, 13:46 Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ
Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ поради економската криза, тој бара земјите членки на ЕУ да не ја користат економската криза како претекст да ја осудат ЕУ на штедење до 2020 година. Ова е главниот заклучок од дебатата која се водеше во Стразбур за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година.
Европратениците пред вчерашниот самит на ЕУ во Брисел испратија јасна порака од Стразбур: шефовите на државите и владите треба да донесат доволно флексибилен буџет за да се соочи со непредвидените настани, со доволно средства за да се остварат ветувањата и тој треба да биде финансиран од нови извори. Притоа, европратениците потстетија дека долгорочниот буџет на ЕУ не може да биде утврден без согласност на Европскиот парламент.
Повеќе европратеници ги крит��куваа владите на земјите членки на ЕУ поради нивните обиди да се намали буџетот на ЕУ и Комисијата без притоа да се грижат за последиците од тоа.
„Сите намалувања се прават на штета на новаторството, на одржливиот развојм на зголемувањето на научните испитувања и борбата против невработеноста на младите. Тоа е она што боли. Дали тоа е одговорно: Дали тоа може да се оправда?“ – се запраша Ребека Хармс од името на групата на Зелените.
Долгорочниот буџет на ЕУ, попознат како повеќегодишна финансиска рамка или финасиски перспективи, ги утврдува границите на трошоците на ЕУ по година и по рубрика, за целиот буџетски период.
„Ние никогаш не треба да прифатиме буџет на штедење за седум години. Ако ние го направиме тоа, тоа значи дека прифаќаме дека кризата продолжува на неограничен рок. Ние не сме толку песимисти“, порача претседателот на групата на народните партии, Жозеп Дол.
Многумина европратеници побараа поголема флексибилност, што значи дека може да се пренесуваат средства од буџетот од една во друга година или од една ставка во друга, како и можноsт за промена на буџетот на половина од седумгодишниот период.
Претседателот на ЕП, Мартин Шулц на повеќе наврати предупреди дека вака предложениот буџет води кон дефицит и тој нема да потпише таков буџет.
„Јас нема да потишам. Па, дури и ако парламентот побара да го направам тоа, јас нема да го направам тоа, бидејќи таа одлука ќе биде илегална. Договорите не обврзуваат на еден урамнотежен буџет“, вели Мартин Шулц. |