05.02.2013, 14:32 Србин приведен за нападот во Косовска Митровица
Косовската полиција го уапси денеска Срѓан Стојановиќ, од Косовска Митровица, во чиј стан била пронајдена рачна бомба М -75 и 50 парчиња муниција од 7,62 милиметри.
Полицијата го претресла станот на Стојановиќ, кој живее во приземјето на куќата каде што ноќта во понеделник се случи експлозијата, при што беа ранети две деца.
Регионалниот портпаролот на косовската полиција Бесим Хоти соопшти дека гранатата пронајдена кај него е слична на онаа што експлодира синоќа во станот на семејството Вучетиќ.
- Полицијата затоа го уапси Срѓан Стојановиќ кому му е одреден притвор од 48 часа, рече Хоти.
Повредените децата, на возраст од три и девет години, се во стабилна сотојба и денеска беа испратени на понатамошно лекување во Белград. |