05.02.2013, 09:24 ФБИ го спаси детето заложник во Алабама - киднаперот е мртов
Заложничката драма во јужната американска држава Алабама заврши – киднаперот кој држеше дете во бункер во градот Мидланд сити е мртов, а детето е спасено неповредено.
Претставник на ФБИ соопшти на пресконференција дека преговорите водени една недела со 65-годишниот Џими Ли Дајкс не дале резултати.
Ветеранот од Виетнам и пензиониран возач на камион, бил забележан со огнено оружје во рака и агенти на ФБИ укажале дека постои непосредна опасност за животот на 5-годишниот Итан. Подоцна упаднале во бункерот. Не беше соопштено дали Дајкс се самоубил или бил убиен.
Во градот Мидланд Сити каде се случуваше инцидентот, завчера беше погребан возачот на училишниот автобус убиен од Дајкс. Пред пет дена тој влегол вооружен во автобусо�� и се обидел да киднапира деца. Возачот му се спротиставил, но бил застрелан од него. Дваесетина деца успеале да избегаат, но едно од нив Дајкс успеал да го киднапира. |