Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.02.2013, 17:44

Јохан Тарчуловски го чека март

Затворската управа во германскиот град Диаз иницирала постапка за предвремено ослободување на Тарчуловски

Љубиша Станковиќ

Станува се' поизвесно дека има големи шанси Јохан Тарчуловски наскоро да се најде на слобода. Ваквиот оптимизам своја подлогa наоѓа токму во однесувањето на Тарчуловски, како за време на судскиот процес кој против него се водеше во судот во Хаг, така и за периодот кој тој го мина во затворот во Шевенинген и во германскиот Диаз.

Како што сега стојат работите, можно е Тарчуловски да го напушти затворот во Диаз уште во текот на следниот месец, но дотогаш треба да бидат испочитувани уште неколку законски процедури. Ова, во прв ред, значи дека треба да се добие мислење на Обвинителството во Хаг кое, за волја на вистината, имаше позитивно мислење за однесувањето на Тарчуловски во периодот додека тој беше во притвор.

„Одбаната на Јохан Тарчуловски очекува позитивно мислење од Трибуналот во Хаг, а дури потоа ние ќе ја доставиме сета потребна документација. Во овој момент е неблагодарно да се лицитира со рокови, но ако се следи досегашната практика на судот во Хаг, треба да се очекува на Тарчуловски да му биде овозоможено да биде ослободен од натамошно издржување на затворската казна“, вели адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски.

Апостолски вели дека не сака да лицитира со одлуки кои не се во негова надлежност и со датуми околу евентуалното ослободување, но и тој го дели оптимизмот на неговиот штитеник, дотолку повеќе што веќе е поведена постапка за предвремено ослободување, а по издражни две третини од затворската казна.

Постапката за предвремено ослободување на Тарчуловски е иницирана од управата на затворот во Диаз каде што тој е на доиздржување на затворската казна. Затворската управа подолго време го опсервирала однесувањето на Тарчуловски, а со него биле извршени и разговори од стручни лица кои го дале своето мислење. Токму врз основа на мислењето на експертите затворската управа повела постапка пред германското Министерството за правда кое, по дипломатски пат, ќе ја пренесе иницијативата за ослободување од натамошно издржување на казната. Она што му недостасува на судот во Хаг е само мислењето на Обвинителството, а кога тоа ќе биде доставено тогаш треба да биде отстранета и последната пречка до конечното ослободување на Тарчуловски.

„Поради неговото коректно однесување нему му беше дозволено да има секојдневни бесплатни телефонски разговори со број на мојата адвокатска канцеларија“, вели адвокатот Антонио Апостолски и појаснува дека нему како негов бранител му било овозможено да го посетува најмалку еднаш месечно или повеќе од 80 пати.

Јохан Тарчуловски, под обвинение дека сторил воени злосторства во 2001 година, беше осуден на затвораска казна во траење од 12 години. Тој во затворот во Шевенинген издржуваше дел од казната, а од 7 јули 2011 беше префрлен во затвор во германскиот град Диаз.


Статијата е прочитана 1078 пати.


Испрати коментар



Платата на лекарите пред Уставен суд
Руфи Османи втор пат во трка за Гостивар
Интервју - Ги почитувам конкурентите, но уверен сум во победа
Обновата на Бигорски трае четири години
Прилеп се мобилизира за расчистување на Трескавец
Божјите храмови препуштени на божја волја
Деформитетите на ‘рбетот кај децата се алармантни



Mark, 06.02.2013 21:45:45
Uste eden *bonus* od Brisel za Gruevski! Nema nikakov somnez na cija strana se! E sega da gi prasame Mirka i Latas dali Evropa e Vavilonska k..va, da go prasame Milenko dali Pol e VOLers, i celata taa bulumenta sto lae so godini! Gruevski poveke od ocigledno im stana favorit a so sto go zasluzil toa site gore-dolu znaeme. E ama ako ne *isporaca* i ako strancite sto sega se kladat na nego izlezat *donkeys* ide praviot cirkus!
do Mark, 07.02.2013 13:49:40
Mark, neznam dali si vo tek so temava no tuka subjektot e Johan Tarculoski a ne Latas ili Milenko, si stanal na leva noga izgleda.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
94. Little Richard, „Good Golly, Miss Molly“
Автори: Robert Bumps Blackwell, John Marascalco; продуцент: Blackwell; објавена: февруари 1958 година, „Спешиалити“
„Музеј на насилството“ во Белград: Јавен архив на омраза
Изложбата отворена во галеријата „Podroom“ на Културниот центар, на експлицитен начин ја запознава пошироката јавност со...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |