05.02.2013, 12:39 Попоски: Датум за време на ирското претседавање од историско значење
Шефот на македонската дипломатија на денешната средба со ирскиот амбасадор во Македонија со седиште во Букурешт, Оливер Гроган
Доделувањето датум за преговори во време кога Република Ирска претседава со ЕУ ќе биде од историско значење за Република Македонија и ќе има одредена симболика, од причина што статусот на земја кандидат го добивме во 2005 година, кога Ирска исто така беше претседавач со Унијата.
Ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со амбасадорот на Република Ирска во Република Македонија со седиште во Букур��шт, Оливер Гроган, соопшти МНР.
На средбата станало збор околу континуираната поддршка што Република Ирска ја дава во процесот на целосна евроинтеграција на Република Македонија, поважните активности кои ги предвидува за време на нејзиното претседавање, како и политиката и процесот на проширувањето на ЕУ во приоритетите и програмата на ирското претседателство.
Ирскиот амбасадор се наоѓа во посета на Република Македонија како претставник на земја актуелен претседавач со Советот на Европската унија, што претставува продолжение на воспоставената пракса за претставување на програмата и приоритетите од тековното претседателство пред македонските институции, стои во соопштението.
|