06.02.2013, 16:10 Климатските промени ја влошуваат епидемијата на грип
Американски научници од Универзитетот Аризона, тврдат дека климатските промени би можеле да доведат до влошување на епидемијата на грип.
Стручното списание „ПЛоС карентс: Инфлуенца“ (PLoS Currents: Influenza) пишува дека невообичаеното топло време во зима проследено со мал број случаи на грип би можело следната година да доведе со сериозна епидемија.
Новите наоди укажале на корелацијата на благите зими и зголемувањето на бројот на заболените од грип следната година.
Во истражувањето се анализирани податоци за температурите на воздухот во зима и бројот на заболени од грип во САД од 1997 година.
- Топлото време го отежнува пренесувањето на грипот и го намалува ризикот за инфекција, па голем број луѓе стануваат поподложни на слични подвидови на вирусот кој ќе се појави следната сезона, појаснуваат истражувачите.
Се проценува дека од грипот и компликациите поврзани со него секоја година во САД умираат по 36.000 луѓе. |