07.02.2013, 10:28 Македонска делегација на Молитвениот појадок
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сараќини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок.
Националниот молитвен појадок е традиционален годишен собир под покровителство на претседателот Барак Обама, кој денеска ќе им се обрати на поканетите учесници. Најавено е дека Обама ќе биде придружуван од сопругата Мишел, како и од потпретседателот Џо Бајден.
Традицијата на собирање на истакнати претставници на политичкиот, верскиот, културниот и деловниот живот на заедничка молитва трае од 1953 година, од времето на претседателот Двајт Ајзенхауер.
Појадокот е отворен за претставници на сите верски групи и на разни политички определби. Стотина држ��ви од светот се застапени на собирот на кој годинава се очекуваат над 3.000 учесници. |