08.02.2013, 14:17 Карпов на отворањето на „Опен Карпош 2013“
Великанот на древната игра со своето присуство ќе го збогати свеченото отворање закажано за 9 март во 12 часот, а ден претходно во хотелот „Александар палас“ ќе одигра симултанка против 20 шахисти
Некогашниот светски шампион во шах, велемајсторот Анатолиј Карпов, ќе биде специјален гостин на третото издание на турнирот „Опен Карпош 2013“ што ќе се одржи од 9 до 16 март во Скопје. Великанот на древната игра со своето присуство ќе го збогати свеченото отворање закажано за 9 март во 12 часот, а ден претходно во хотелот „Александар палас“ ќе одигра симултанка против 20 шахисти.
За 61-годишниот Карпов ова не е прво доаѓање во Скопје, каде што на Шаховската олимпијада 1972 освои златен медал како прва резерва на тогашниот Советски сојуз со ефект 13/15! Четири години подоцна триумфира на супертурнирот „Средби на солидарноста“.
За годинашниот „Опен Карпош“, кој го организираат скопската општина и клубот Гамбит-Асеко, досега се пријавени околу 130 шахисти од 26 земји. Тие ќе се борат во девет кола по класично темпо на игра за дел од наградниот фонд од 20.000 евра, од кои 4.500 за победникот.
Прв носител е ВМ Иван Чепаринов (2709) од Бугарија, а бранителот на трофејот Кирил Георгиев (2643) е петти според рејтингот. За силата на турнирот зборува и фактот дека најдобро рангиран од домашните шахисти е интермајсторот Филип Панчевски (2523) дури на 38. позиција. (Р.Д.)
|
Статијата е прочитана 1368 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Baba Zumbula, 08.02.2013 14:29:30 | Bravo! Cestitki za organizatorot. Ova e najdobar primer kako se reklamira Makedonija. Da se donese eden svetski brend vo Makedonija pretstavuva nesto. Isto da ima 130 sahisti od 26 drzavi e brojka dostojna za pocit. |
| karokan, 08.02.2013 19:05:38 | Му благодарам на “Утрински весник“ за информацијата.Веројатно таа е од понов датум,бидејки Карпов не беше во списокот за турнирот,на сјтот на Chessdom,објавен пред околу месец дена.Донесувањето на едно такво шаховско име е секако за почит (благодарност до организаторот),бидејки ќе го зголеми интересот на љубителите на шахот и граѓаните воопшто,без разлика на неговиот сегашен играчки капацитет.Инаку ова е најсилниот отворен турнир досега во Реп.Македонија (изземајки ја олимпијадата во Скопје и ЕУ-првенството во Охрид).Елетата ја предводат Чепаринов од Бугарија и Ференц од Унгарија ( со реј. над 2700),а тука се и многу силните натпреварувачи од соседните Хрватска,Србија,Бугарија и Грција,како и многу силен млад натпреварувач од Азербејџан.Инаку мислам дека бројот на натпреварувачи не е голем и посебно (според мене) мал е бројот на домашни натпреварувачи (околу 50).На слични турнири во соседните земји учествуваа и по 300 натпреварувачи,со голем број домашни нерејтингувани шахисти!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -2°C
|
Вторник
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“ 95.Carl Perkins, „Blue suede shoes“Автор: Perkins; продуцент: Sam Phillips; објавена: февруари 1956 година, „Сан“ |
Американците сакаат весници Прв пат во историјата, „Њујорк тајмс“ оствари повисоки приходи од продажбата на печатени и онлајн-изданија отколку од пл... | |
|