Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
10.02.2013, 14:07

(ФОТО) Самба! Самба! Самба!

Со звуците на фанфарите и со конфети стартуваше најпознатиот карневал во светот – Карневалот во Рио де Жанеиро

Со звуци на фанфари и со конфети викендов стартуваше петдневниот, најпознат карневал во светот – Карневалот во Рио де Жанеиро. Дебелиот крал Момо го прими од градононачалникот на Рио, Едуардо Паес, симболичниот клуч од градот и го означи почетокот на карневалот. Градоначалникот му се поклони на кралот Момо, 150 кг тешкиот „симбол на се' што е претерано на карневалот во Рио“.



„Горд сум што ќе ја предводам оваа свеченост на петдневно лудило, прослава која е за цел свет. Го прогласувам карневалот во Рио де Жанеиро за отворен!“, изјави кралот Момо, инаку 33-годишен банкарски службеник, чие вистинско име е Милтон Родригез. Со него во друштво беа и кралицата на карневалот и двете принцези кои се избираат секоја година.

„Ова е најголема прослава на светот и понатаму ќе биде така, со повеќе мир и радост“, заклучи градоначалникот Едуардо Паес.



На улиците на Рио може да се видат најдобрите школи за самба чии претставници се менуваат на Самбадромот. Патеката по која маршираат е долга 700 метри.

Предвидено е до крајот на карневалот во центарот на Рио, на традиционалниот Самбодром, да минат околу 500 карневалски поворки на водечките танцови школи за самба во Бразил, кои ќе се натпреваруваат за титулата најдобра, претставувајќи ги пред јавноста костимираните импровизации на најразлични теми.

Учесниците за карневалот се подготвуваат цела година, а костимите и декорациите се на највисоко ниво и од нив застанува здивот. За победниците е резервирана парична награда. Атмосферата и на околните улици е одлична, се пее, се игра, се забавува. За зачувување на редот се ангажирани околу 14.500 полицајци.



Спектаклот во Рио секоја година мами милиони посетители од целиот свет. Оваа година се очекува бројка од околу еден милион туристи. Сенка врз големиот настан фрли трагичната несреќа, која неодамна се случи во бразилскиот ноќен клуб во Санта Марија, каде што загинаа 238 млади луѓе.




Статијата е прочитана 1315 пати.


Испрати коментар



Битола на големо се подготвува за „Битола Шекспир фестивал“
Александар Морфов прогласен за почесен доктор на ЕСРА
Кралицата не сака бебето да се вика Дајана
Филмот „Арго“доби три награди БАФТА
(ФОТО) Триумф на младите музичари над ветераните
Ќерката на Мик Џегер живее во социјален стан
Кирил Џајковски на Вудсток
(ФОТО) Ритуално капење во Индија
Вегетаријански порции за Адолф Хитлер
(ФОТО) Кинезите го прославија пристигнувањето на Змијата
Леонардо ди Каприо во врска со косовската Мис универзум
Берлинале почна во знакот на политиката
Пол Макартни во Њу Орлеанс помина како уличен свирач
Од сабота до сабота
ЏИШ - Ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ
Нацоски одбележува декада на меѓународната сцена
Во мозокот постои центар за зло
„Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
Филмскиот фонд ќе финансира 28 проекти
Дино Имери ја одушеви публиката во „Лисински“
(ФОТО) Поштенска марка со вкус на чоколадо
(ФОТО) Долги аплаузи и воодушевување на премиерата на „Изгубени Германци“
Сто и дваесет години од смртта на Григор Прличев
(ВИДЕО) Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари
„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс
Премиера на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во МНТ
Слика од Пикасо продадена за 28,6 милиони фунти
Роби Вилијамс не бил доволно кул за „Оејзис“
Агата Кристи била надгледувана од МИ5
Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Првата фотографија на синот на Шакира и Пике за УНИЦЕФ
Реконструирано лицето на Ричард Трети
Пронајден скелетот на Ричард Трети
„Изгубени Германци“ утревечер премиерно во МНТ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Вторник
Грмотевици со дожд
Макс: 8°C, Мин: 2°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 11°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
93. U2, „I still haven’t found what I’m looking for“
Автор: Bono; продуценти: Daniel Lanois, Brian Eno; објавена: мај 1987 година, „Ајленд“
Мозокот на Ајнштајн бил необичен од неколку аспекти
Ајнштајн го програмирал својот мозок кога физиката била зрела за нови сознанија, тој го имал вистинскиот мозок во вистин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |