12.02.2013, 14:37 Светско злато за Лигети во суперкомбинација
Хрватот Ивица Костелиќ го освои среброто, а Ромед Бауман ги израдува Австријците со освојувањето на бронзениот медал
Рискантната стратегија на Американецот Тед Лигети му ги донесе титулата во суперкомбинација и вториот златен медал за него на Светското првенство во алпско скијање во Шладминг. Седум години откако ја освои олимписката титула во оваа дисциплина во Сестриере, Лигети потврди дека е посестран од кога било, забележувајќи победа со вкупно време од 2:56,96 минути. Освојувачот на светкото злато и во супервелеслаломот минатата недела ќе биде фаворит и за одбрана на титулата во велеслалом в петок, кога ќе атакува на хет-трик за паметење. Дополнит��лна тежина на неговото постигнување дава фактот дека тој никогаш претходно немаше победено во супер-џи и во суперкомбинација во трките од Светскиот куп.
Хрватот Ивица Костелиќ го освои среброто. Тој беше фаворит по триумфот во класичната суперкомбинација во Кицбил, каде што победи по четврти пат непосредно пред мундијалот, но беше премногу внимателен во слаломот. На крајот заврши 1:15 минути зад Американецот.
Ромед Бауман ги израдува Австријците со освојувањето на бронзениот медал, заостанувајќи само две стотинки зад Костелиќ. Бауман му го донесе на домаќинот само вториот медал во досегашните шест дисциплини.
|