13.02.2013, 14:58 ДПМ одбележа 66 години постоење
За местото и улогата на македонската писателска асоцијација зборуваше Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ
Друштвото на писателите на Македонија денсека, во своето седиште одбележа 66 години постоење, врачувајќи ги наградите за најуспешни книжевни дела објавени минатата година.
Награди им беа доделени на авторите: Весна Ацевска, добитничка на „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга, Лидија Димковска, добитничка на „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга, Иван Ивановски, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики и на Панде Манојлов, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца.
За местото и улогата на македонската писателска асоцијација зборуваше Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ, а 22 истакнати македонски писатели добија благодарници за 50-годишно членство во писателската асоцијација. |