14.02.2013, 15:43 Французинката Ворли светска првенка во велеслалом
Сребрениот медал го освои Словенката Тина Мазе, а на подиумот како третопласирана се искачи и домашната натпреварувачка Ана Фенингер
Французинката Теса Ворли е победничка во дисциплината велеслалом на 11 ден од Светското првенство во алпски дисциплини кое се одржува во австрискиот скијачки центар Шладминг.
Ворли до златниот медал во оваа дисциплина стигна со убедливо возење во двете трки и вкупно време од 2:08.06 или повеќе од една секунда предност пред најблиските конкурентки за златото.
Сребрениот медал го освои Тина Мазе (Словенија). Таа по првата трка беше на 4.место, но со одлично второ возење успеа да се избори за медал заостанувајќи зад победничката 1.12 секунди.
На подиумот како третопласирана се искачи домашната натпреварувачка Ана Фенингер со вкупно време од 2:09.24.
За утре на програмата закажани се трките од машкиот велеслалом. Првата ќе започне во 10 часот, а втората во13 часот и 30 минути
|