14.02.2013, 10:36 Јосип Куже боледува од леукемија
Легендарниот тренер на загрепски „Динамо“ изјави дека боледува од леукемија и неколку месеци ќе помине во болница
Познатиот тренер на загрепскиот фудбалски клуб „Динамо“, Јосип Куже, боледува од леукемија.
- Да, болен сум од леукемија и во болница во Загреб ќе минам неколкуте месеци на лекување, изјви Куже за весникот „Спортске новости“.
Куже десет години беше фудбалер на „Динамо“ од Загреб, од 1971-1981 година. Тренерската кариера ја почна во клубот „Кроација“ во Сиднеј, а во „Димано“ се врати во 1986 година како тренер на помладокот. Две години подоцна стана тренер на „Борац“ од Бања Лука, каде остана една сезона.
Првпат, тренер на првата екипа на „Динамо“ стана во 1989 го��ина, потоа работеше и во Гермнаија и Јапонија. Во „Динамо“ се врати во 2005 година, кога клубот беше шампион на Хрватска.
Куже беше тренер и на клубовите „Загреб“, „Интер“ од Запрешиќ, „Ријека“ и „Вартекс“ од Вараждин. Една година беше селектор на репрезенацијата Руанда, потоа преминаа во јапонскиот клуб „ЈЕФ Јунајтед“, а две години беше селектор и на албанската фудбалска репрезентација. Минатата година тој беше тренер на кинескиот клуб „Тијанџин Теда ФЦ”.
Јосип Куже е роден во Врање на 13 ноември 1952 година. |