13.02.2013, 14:00 Мајами и Џејмс во рекорден ритам
„Жешките“ преку Портланд (117:104) до 1000. победа во основниот дел од сезоната, Леброн шести меч во низа со над 30 коша
Мајами ја забележа 1000. победа во регуларната сезона во историјата на клубот, а Леброн Џејмс креира историја во вторникот вечерта. „Кралот“ постигна 30 поени и ја продолжи својата серија од шест меча со 30 или повеќе кошеви, со што стана единствен кошаркар на вечните листи со таков подвиг, при тоа со рализација од минимум 60 проценти. Мајами се помачи додека го совлада Портланд кој дојде до плус 14 во втората четвртина. Сепак, работите се вратија на нормала до крајот и „жешките“ славеа со 117:104. Џејмс не беша најефикасен на мечот, Крис Бош го надмина со 32 поена на кои додаде 11 скока.
За р��злика од Леброн, еден друг ас меѓу обрачите имаше очајна вечер. Коби Брајант постигна само четири поени, но за чудо Лејекрси победија против Феникс, со 91:85. Во провото полувреме, Брајант воопшто не упати удар кон кошот, а во второто стрелаше со реализација 1/8. Загуби осум топки, но направи девет асистенции во служба на порасположените соиграчи, како Антоан Џејмисон и Двајт Хауард кои постигнаа по 19 поени. Патем, центарот оствари и 18 скока.
Третиот главен настан од програмата со шест НБА меча е поразот на Оклахома во Солт Лејк Сити. Јута триумфира со 109:94 запирајќи ги „грмотевиците“ кои во последните четири средби славеа со по преку 20 разлика. Ал Џеферсон предводеше со 23 поени, Пол Милсап се надоврза со 18 коша и 10 скока. Прв стрелец на дуелот беше Кевин Дурент со 33 поени.
Резултати: Торонто - Денвер 109:108, Мајами - Портланд 117:104, Мемфис - Сакраменто 108:101, Јута - Оклахома 109:94, Голден стејт - Хјустон 107:116, Лос Анџелес Лејкерс - Феникс 91:85.
|