13.02.2013, 14:46 Вештаците сведочеа за „Монструм“
Лекарите детално објаснија какви повреди им биле нанесени на петмината кои беа убиени пред Велигден на Смилковското Езеро
Љубиша Станковиќ
Тим на експерти од Институтот за судска медицина и криминалистика денеска во скопскиот кривичен суд ги елаборираа наодите кои ги констатирале само неколку часа по убиството кое се случи крај Смилковското Езеро во април минатата година. .
Младиот Цветанчо Ацевски бил застрелан во вратот, додека Филип Славковски починал од повреди кои му биле нанесени во десната срцева преткомора, градниот кош и на ребрата. Обдукцијата која што била извршена врз загинатиот Кире Тричковски покажала дека тој починал од повреда во рбетниот столб во пределот на вратот, а Александар Наќески, кому му биле нанесени седум прострелни и една устрелна повреда, починал од повреди на белите дробови и на срцето. Четириесет и петгодишниот Борче Стефковски бил погоден в глава.
Она што на денешното рочиште беше изненадување е однесувањето на обвинетите и на нивните бранители. Никој од обвинетите не побара да им постави прашање на вештаците, а јавниот обвинител тоа го стори само еднаш.
За петкратното убиство кое се случи во близина на скопското село Смилковци на 12. април минатата година се обвинети шест лица. За дело тероризам Јавното обвиинтелство ги товари Алил Демири (27), Африм Исмаиловиќ (32), неговиот брат Агим Исмаиловиќ (33) со прекар „Гими“, Фејзи Азири (54) и Рами Сејди (24), додека Хаки Азири ќе треба да одговара за помагање по извршено дело тероризам. Прво и второобвинетите Алил Дмири и Африм Исмаиловиќ се недостапни за дражвните органи на прогонот, но се верува дека тие се кријат на Косово. |
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Претежно облачно
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: -2°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 10°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“ 91. Elvis Presley, „Suspicious minds“Автор: Mark James; продуценти: Chips Moman, Felton Jarvis, Presley; објавена септември 1969 година, РЦА |
|