14.02.2013, 10:42 Иванов на традиционално закројување на лоза во струмичкото
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на православниот празник Свети Трифун, денеска ќе присуствува на традиционалното закројување на винова лоза на лозовите насади на винаријата „Далвина“ во село Хамзали, Босилово.
По симболичното закројување на лозите, претседателот Иванов ќе ја посети винарската визба „Далвина“.
На покана на македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот Кабинет, на настанот ќе присуствуваат амбасадорите на САД Пол Волерс, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон, на Франција Лоранс Оер, на Унгарија Јозеф Бенце, на Полска Пжемислав Чиж и вршителот на должност во амбасадата на Словачка Роберт Кирнаг. |