12.02.2013, 15:19 „Кроација осигурување“ ќе ја плати штетата од пожарот
Осигурувањето ќе го опфати и периодот пред избувнувањето на пожарот, а „Македонска пошта“ ќе нема никакви финансиски реперкусии
Централата на „Македонска пошта“, која на 14 минатиот месец, беше зафатена од голем пожар, ја заврши постапката за јавна набавка за осигурителна компанија. Како што информираат од „Македонска пошта“, за најповолен понудувач е избрана осигурителната компанија „Кроација осигурување“. Оттаму потврда дека наскоро ќе следи потпишување на договор со избраниот понудувач и дека полисата за осигурување ќе го опфати и периодот кој е предвиден, во техничката спецификација на отвор��ната постапка како и тендерската документација, односно од 1 јануари 2013 година, односно две недели пред избувнување на пожарот.
„Македонска пошта“ наведува дека ќе нема никакви финансиски реперкусии во однос на настанатата штета од пожарот. (Љ.С.) |