09.02.2013, 11:29 Граѓаните и денеска можат да аплицираат за лични карти
Управните служби при Министерството за внатрешни работи, поради истекувањето на роковите за увид во избирачкиот список, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, денеска ќе работат од 8:30 до 19 часот за аплицирање и вадење нови биометриски лични карти.
Јавен увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК од 26 јануари 2013 година, кога започна увидот, до први февруари извршиле вкупно 13.142 граѓани, соопшти Државната изборна комисија.
Увидот ќе трае до 9 февруари 2013 година до кога гласачите ќе можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список.
|