Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
18.01.2013, 19:40

Поглед

Зошто молчи министерката за култура

Љупчо Поповски

Елизабета Канческа-Милевска не отиде да види што остана од муралите на Борко Лазески во „Пошта“, не кажа ниту збор за оваа голема загуба во уметноста. Таа одбра да молчи

Елизабета Канческа-Милевска изгледа не успеа да разбере дека да бидеш министерка за култура не значи само да отвораш изложби и да читаш текстови што некој друг ги напишал, а ти треба да ги кажеш.

Елизабета Канческа-Милевска изгледа не разбрала дека сите фалби за успесите во нејзиниот ресор може да изгорат во еден час во факелот во „Пошта“.

Елизабета Канческа-Милевска изгледа не може да сфати дека сите министри за култура во овие 22 години заедно не можат да ја допрат големината на Борко Лазески.

Елизабета Канческа-Милевска не најде еден час време да отиде до „Пошта“ и да види како се уништени муралите на Борко Лазески, како од тоа што е нацртано е останато само по некое парче боја.

Елизабета Канческа-Милевска не кажа ниту збор за големата загуба во нашето културно наследство. Можеби и таа мисли како директорот на „Пошта“, Рафиз Алити, дека штетите од пожарот се минимални, дури не вреди и да се зборува за нив.

Елизабета Канческа-Милевска заедно со премиерот се појави за половина час кај старо-новиот театар кога беше во раната фаза на градбата и кога се запалија десетина метри тер-хартија и неколку летви. Тоа беше настан од кој се потресе Владата – можеше нешто да и' стане на градежната карабина на театарот во кој е преселена целата владина душа. А што има во „Пошта“ – мурали на големиот уметник кои ја покажуваат победата во Втората светска војна. Партизани и други херои – па тоа не се денешните самопрогласени борци. Штета има, но таа е дел од некое друго патриотско време.

Елизабета Канческа-Милевска веројатно ќе дотрча како виор ако се искрши еден бронзен прст на малиот Александар, кој седи во скутот на мајка му, на статуата која е образец на новата уметност на новото време. Таа нова уметност ја конципираат по нарачка новите инстантни скулптори, случајно излезени од темнината на анонимноста. Тогаш ќе се леат солзи колку бронзениот прст е загуба за уметноста. Што значат муралите на Борко Лазески за новата уметност? По постапките на министерката за култура – ништо. Таа можеби треба да им пише на своите колеги во Мексико да не водат многу сметка за големиот мурал на Лазески во екстремно популарниот Музеј на технологијата. И така Борко Лазески е пионер на посткубистичката епоха во уметноста на овие простори, а денес овде сме заљубени во неокласицизмот. Така, уметноста на Лазески, заедно со насликаните партизани се отфрла настрана, како несакано модернистичко дете.

Елизабета Канческа-Милевска падна на испитот како министерка за култура. Не знаеше да ја подели со нас разочараноста зашто едно уметничко дело е уништено. Или, пак, работата е попрозаична – невидливите сугестии налагаат да не се плетка во ловиштето на коалицискиот партнер од кој зависи фалшливиот владин мир.


Статијата е прочитана 4217 пати.


Испрати коментар



Вељаноски ги покани странските набљудувачи за локалните избори
Фијат Цаноски седи до Црвенковски, а мисли на Ахмети
ДУИ притиска копче за реконструкција
Се шири свинскиот грип
Државниот врв не сака лидерска средба
Ќе фатат ли Груевски и Самарас чекор со Нимиц и Филе?
Шрамаер
Нема демократија без политички дијалог
Во „Пошта“ изгореле само 250 евра
Опозицијата ќе ги радикализира протестите
Црвенковски



Itar Pejo, 19.01.2013 00:22:06
Si ja promasil temata, Љупчо ! Ministerkata za kich ne e nadlezna za umetnicki dela.
Donco, 19.01.2013 08:46:41
Taa ministerka e odavna nepismena, a samo ja zamajuva javnosta. A od kade kvalitetni luge koga se izbrani od gwujo koj ne razbira od vrednosti.
Buntovnik, 19.01.2013 09:00:03
Umetnickoto custviteltstvo na ministerkata ima raspon samo od 2005 do 2014, seto drugo taa ne go videla i kako dobar politicar ne moze da komentiras za nesto sto ne znaela.
kanagjanka, 19.01.2013 09:23:04
Одличен напис!!!Се надевам дека ова е почеток на крајот на Канческа, ми е срам да кажам министер за култура.Ако толку ги сака сценските уметници и им прави театар, зошто молчи и за најважната алка во законите - законот за авторски права. Им прави монументи, додека им го оштри ножот. Јас сум уметник и НЕ САКАМ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ(уште не ставен во употреба). Фронтаџиите наместо како овци да блеат за буџетот нека се интересираат за СВОИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА!
arhitekt, 19.01.2013 09:23:39
Se plasam deka nitu go videla muralot nitu cula za Borko Lazevski.Ona e vo drug film.Film vo koj glavnata uloga e na sozdavacite na Skopje 2014.I od togas vsusnost ja sledi umetnosta
Do avtorot, 19.01.2013 13:30:17
So ogled da ja potkachi ministerkata, za sega samo zolt karton. No vnimavaj, ako se sluchajno nafrlish vrz premierot, nema vtor zolt, direktno crven! Prashaj go Sashe Ivanovski ili bilo kogo od beskonechniot spisok na iskljucheni/isfrleni novinari i emisii, koj zalichuva na onoj od Srebrenica.
cobe, 19.01.2013 13:42:03
Па молчи затоа што е културна !!??? Ама сигурно ќе биде задоволна од новопоставените мурали на Ванчо Михајлов и Тодор Александров......не се сомневам во тоа.....
MaX, 19.01.2013 14:11:33
Zalam za kulturnata zaguba na Makedonia i neprocenlivata umetnost sto postoese...i zalam za ostanatite koj neznaea/t da go zastitat konzerviraat kulturnoto nasledstvo... koga vleguvav vo posta kako vo prestolot na srceto na Makedonija da vleguvav...(( dusata mi place za ova namerno neispocituvano delo...
EU, 19.01.2013 20:43:14
Site vesnici, vlucitelno so vasiot, izvestuvaat deka vo postata se izgubeni samo 250 eura. Pretpostavuvajki deka stanuva zbor za soopstenie , bidejki tekstot e identicen,jasno e sto gi boli nadleznite, paricki, pusti paricki. Kakov mural, kakva umetnost, za aktuelnive vladateli pred 2006 vo Makedonija nisto ne bilo sozdadeno.
Томислав Алексов, 20.01.2013 23:19:06
Делото ќе се реставрира со друг тип боја, не трчајте како прлиња пред магаре. На оваа министерка може само вода да и носите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |