23.01.2013, 13:21 Интервјуто на Армстронг пред 28 милиони гледачи
Според ОВН, 12,2 милиони Американци и 15 милиони луѓе преку океаните го гледале дијалогот, а 800.000 го гледале онлајн
Околу 28 милиони гледачи од целиот свет го гледаа интервјуто во два дела на Опра Винфри минатата седмица, во кое велосипедистот Ленс Армстронг, конечно, призна дека користел недозволени стимуланси со години, соопшти нејзиниот кабелски ТВ-канал ОВН. Според ОВН, 12,2 милиони Американци и 15 милиони луѓе преку океаните го гледале дијалогот, а 800.000 го гледале онлајн.
Ексклузивното интервју во два дела, со времетраење од 2,5 часа, беше гледано во повеќе од 190 држави. Во САД, меѓутоа, публиката драматично се намали по првото емитување, во кое Армстронг призна во првите пет минути дека се допингувал при освојувањето на сите седум титули на „Тур де Франс“.
|