23.01.2013, 14:58 Федерер последен полуфиналист
Вториот носител го комплетира полуфиналниот квартет на Австралија опен со победата од 7-6 (4), 4-6, 7-6 (4), 3-6, 6-3 над осмиот светски рекет Жо-Вилфред Цонга
Вториот носител Роже Федерер од Швајцарија го комплетира полуфиналниот квартет на Австралија опен со победата од 7-6 (4), 4-6, 7-6 (4), 3-6, 6-3 над осмиот светски рекет Жо-Вилфред Цонга од Франција. Последна пречка до финалето во Мелбурн на најуспешниот тенисер на гренд-слем турнирите ќе му биде Британецот Енди Мари, а во другото полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ од Србија и Давид Ферер од Шпанија.
„Беше многу густо. Целиот меч беше тежок. Секој сет можеше да му припадне на кого било од двајцата“, изјав�� 31-годишникот во интервјуто од теренот. „Среќен сум што поминав и ми беше големо задоволство да играм со Жо, кој одигра извонредно, исто така. Не сме играле меѓусебе цела година, но мислам дека тој одигра многу агресивно“.
|