24.01.2013, 15:54 Конзервaторите добија дозвола да влезат во „Пошта“
Стручниот тим од Конзерваторскиот центар – Скопје конечно доби дозвола да влезе во шалтер салата на „Македонска пошта“ каде на 15 јануари од пожар настрада муралот „Еп на слободата“ на Борко Лазески, еден од основополжниците на македонската ликовна уметност. Директор на поштата, Рафис Алити, на вчера одржаниот состанок со директорката на Конзерватоски центар, Ема Петрова најавил дека во текот на денешниот ден и конкретно ќе ја извести кога точно стручниот тим ќе може да влезе и да го направи бараниот увид во промените и оштетувањата на муралот и да достави извештај со предлог мерки до надлежните институции.
Стручниот конзерваторски тим е формиран во договор со Министерството за култура, а го сочинуваат шест стручни лица, меѓу кои има и конзерватори и од Националниот конзерваторски центар. Муралот е со површина од 125 метри квадратни, го сочинуваат пет подеднакви дела, датира од 1981 година, а досега презентираните фотографии направени преку стаклените врати покажуваа големи оштетувања. (К.Б.)
|