Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.01.2013, 15:47

Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе

Премиерот смета дека иницијативата за трилатерална средба би помогнала во процесот за изнаоѓање на решение за името

Жал ми е што Грција го одби предлогот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба. Колку што можев да разберам Филе немаше намера да го субситуира делувањето на Метју Нимиц и на Обединетите нации, туку сакаше да помогне во целата работа. Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет.

Тој посочи дека од наша страна веднаш е прифатена неговата иницијатива, но за жал Грција ја одби.

- Ние пристапивме со добра волја, намера и верба, како што и пристапувавме во минатите години, но за жал другата страна не ја препозна добрата намера на Филе и колку што можевме да забележиме го одби. Ние ќе продолжиме со добри чекори, затоа што сме држава која сака да го реши овој проблем и добро е што тоа се гледа на некој начин кој прифаќа иницијативи за решавање, а кој одбива иницијативи за решавање, рече премиерот.

Филе, како што додаде, не е било кој, тој е комесар во Европската унија. - Тој сигурно на своја рака не го направил тоа, сигурно имал консултации со неговиот претпоставен, со Барозо, и на некој начин мене ми е жал што Грција ја пропушти оваа можност за правење чекор напред, доближување на односите, доближување во релациите и можеби во изнаоѓање на некоја нова идеја која ќе помогне во доаѓање до решение, нагласи Груевски.

Премиерот изрази надеж дека и понатаму ќе има иницијативи од различни страни и, како што рече, што се однесува до нас ние секогаш ќе имаме иницијативи и расположеност, волја и верба во правец на решавање на овој проблем.


Статијата е прочитана 1080 пати.


Испрати коментар



ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



Mark, 20.01.2013 16:09:03
Madre Deus, kolku licemerie! *Dobri nameri*, *File dobript samarikjanin*, *Zal za propustenata sansa na Grcija*!? A be odi begaj (kaj Milenko ili na burek), tamu ima kupci za ovaa roba..A tie na koi im e nameneta ovaa tirada ne pasat treva i jasno im e so kogo si imaat rabota i veke go pokazuvaat toa! Zatoa se ovie milni dumi sto ne znacat ama bas nisto bez konkretni (i veteni) postapki. Brzo ke sa znae sto sledi! p.s. Opozicijava ocigledno nema nikakav namera za *curik*, ama se poizgledno e nekoj da dobie *raus* od vlast..
mirko, 20.01.2013 17:45:41
Не жали..... баш добро му дојде за да изигрува Патриот во очите на празноглавцине..............
лицемрие, 20.01.2013 21:05:51
Со кои „добри чекори“Груевски сака да се реши проблемот со разликите околу името?Со тоа што ги рехабилитира сите оние кои не ја признавале границата со Грција утврдена со мировни договори и меѓународни конвенции?Со тоа што ја краде историјата на античка Македонија и денешната Република Македонија ја прикажува како наследничка на античка Македонија,а нас како потомци на античките Македонци?Груевски не сака решение за спорот.Тој знае дека меѓународната заедница ќе го искористи за да се прифати промената на името,а после нема повеќе да добива кредити од Запад без кои не може да опстане на власт.Затоа што повеќе го одолговлекува решавањето,толку повеќе ќе остане на власт.Тоа на Запад го знаат,но се стрпливи.Груевски ја доведе Македонија во ситуација да не може да се брани името,а тој нема каде да побегне.Ќе мора тој да го стори тоа.
od ostrijot, 20.01.2013 22:20:09
gruevski ke zalese ako atina go prifatise predlogot na file.asega rabotite seodvivat kako on saka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |