23.01.2013, 13:15 ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
Турскиот аеродромски оператор ТАВ планира да конкурира, заедно со мнозинскиот акционер на парискиот аеродром АДП, за правото за управување со аеродромот во Њујорк, „Ла Гвардија“.
„ТАВ и АДП ќе аплицираат на тендерот за правото за управување со аеродромот ’Ла Гвардија‘, изјави директорот на ТАВ, Сани Сенер.
„Ла Гвардија“ е аеродром за домашни летови во САД, кој во 2011 година имаше над 24,1 милион парници.
ТАВ управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбог“ во Анкара, со „Аднан Мендерес“ во Измир, со „Газипаша“ во Анталија, со аеродромот во Скопје „Александар Велики“ и со аеродромот во Охрид „Свети апостол Павле“, како и со аеродроми во Грузија и во Тунис. |