Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.01.2013, 17:47

Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба



„Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори“, вели лидерот на СДСМ

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ја прифати покана за средба што денеска му ја упати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски.

- Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реал��зираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјат а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.

Македонија, додава лидерот на СДСМ, на патот за остварување на своите стратешки цели во ниту еден момент како држава не смее да ги поставува под знак прашање основните цивилизациски достигнувања и деморкатски развој, кои претставуваат столб за секоја модерна и интегрирана држава.

- За жал денес во нашето општество се уште се отворени дилемите за начинот на кој се остваруваат основните човекови слободи и права, практицирањето на демократијата, владеењето на правото како темелна вредност, економскиот развој, животниот стандард како и меѓународните позиции на Република Македонија, истакнува Црвенковски. Додава дека СДСМ во изминатиот период во неколку наврати потенцирал, особено заради новонастанатата ситуација, дека е неопходно да се направат напори за излез од истата преку постигнување политички договор кој ќе ја врати Македонија на вистинската насока.

Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски по вчерашната најава за можна лидерска средба, денеска го покани претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски да се сртенат и да разговараат за актуелните политички состојби во земјава.

Според предлогот на премиерот Груевски, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на СДСМ на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

- Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна, истакнува Груевски во поканата.






Статијата е прочитана 1390 пати.


Испрати коментар



Тачи - Србија сака размена на територии
Повторно притворен овчарот Иснифарис Џемаили
ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



Џони Вокер, 21.01.2013 18:19:45
Бараме разговорот да се пренесува во живо на МРТ!
Makedonec, 21.01.2013 19:22:52
Gruevski neka go pocesti Crvenkoski kako sto e redot. Sloznite braka sekoj den mrsele
od ostrijot, 21.01.2013 20:18:28
ah brane brane uste nesi svatil oti zborot fer e uvreda za VMRO_DPMNE.
Бранко и Никола, 21.01.2013 20:49:27
Бранко како председател беше во посета на три држави а Никола го помина светот два пати. Бранко има енергија за 4 часа а Никола за 16 часа работа. Бранко не е економист а Никола е. Бранко се интерсираше за десет државни проблеми а Никола за сто за школство, надворешни одбрана за книги за споменици македонски за се за се знае и разни идеи кои кај Бранко ги немаше. Лугето на Бранком ја спроведоа гнасната приватизација кога само одредени директори го зграбија фабричкиот имот. Народот сигурно разбира штом редовно одлучува кој да победи.
do branko i nikola, 21.01.2013 21:59:41
Ваков коментар не е соодветен ,за нивото на интелигенција на читетелите на „Утрински весник“.За вакви коментари имаш други медиуми.
Branko, 21.01.2013 22:52:22
Da,Branko ne e ekonomist, od EKONOMSKIOT fakultet vo Prilep, Branko e ELEKTROINZENJER od Skopskiot fakultet.
dedo dimo, 21.01.2013 23:09:13
Vie ste izbrani od Makedonskiot narod itreba da rabotite za dobroto na Makedonskata drzavata i za Makedonskiot narod ane za svojotpolozaj.Makedonskiot narod izbra chovek vo momentovkoj mislat deka e najsposoben itoa treba da se pochituva a ne da se pravat gluposti i da se shtrajkuva .Mnozinstvoto vo vladata e toa koe gi nosi odlukite ili zakonite a ne malcinstvoto ,toa e demokratskiot sistem sekade vo svetot.
do nikola i branki, 22.01.2013 01:17:06
dobro si obrazlozil brat ama krajniot rezultat e los od vladeenjeto na gruevski!
Baba Zumbula, 22.01.2013 02:51:45
Do Johnnie Walker, i baba saka toa da vide javno,na TV.Ama JOK.Nema zainteresirana TV kuka.Toa bi ti doslo nekako kako TV duel, a nekoj znaeme deka bega od toa kako gjavol od krst.Neli tefljonce Evdino? Za javni nastapi go imame Drakce,sedokosion (experience Idrizovo,neli taka) i malku vo burakdjinica,sekako.Tamu sami so sebe, gi velicame svoite ovozemaljski kosmicki dostignuvanja,razbira se.Like od baba za *do Branko i Nikola*,ubo kazano.Dedo Dimo demokratijata,zakonodavnata i izvrsnata vlast se vidoa na 24.12.2012,na fasistickiot ponedelnik.Aj baba sega da prevrze samijata,da bide licna,da posurfa uste malku na internet, pa da si prilegne,da pospie.I onaka star dedo ne go biva,za muabet.
девичанецот, 22.01.2013 08:12:53
Пензионерот знаел до сега само вешто да манипулира со јавноста. А дали и понатаму ќе манипулира, сега веќе не зависи од него, туку од јавноста, т.е. од избирачите. Инаку, се виде дека нему некако не му оди на вонредни избори (што би рекол народот Малер го бие), па најдобро би му било да не инсистира на предвремени, туку нека состави програма за редовните парламентарни избори и здрав и жив нека ги дочека. Па ќе се види....
Никола и Бранко, 22.01.2013 08:17:48
Бранко завршил Електротехнички факултет во СКОПЈЕ со просек близу 10.Никола завршил екоомски факултет во ПРИЛЕП со просек околу 6! Друго не треба да се каже!
meksikanec, 22.01.2013 09:09:11
Dedo Dimo i Jas sum dedo sprema godinite no ne mislam kako Vas,pa zatova i ne se slozuva so takviot stav i mislenje.Kako da ne znaete deka Sobranieto e mesto za razgovor,pregovaranje dogovaranje,stavovi i mislenja po razni zakoni od znacenje za drzavata,a ne mestosto kade sto ke se terorizira opozicijata,tepa i nasilno otstranuva.Toa sto se sluci na 24. maloumen covek ne bi go zamislil,a kamo li naredil i realiziral,Da bese teka kako sto Vie mislite, po osvojuvanjeto na vlasta,opozicijata ke si ostanese nadvor od Sobranieto,a Pozicijata ke si ostanese vo Sobranieto sama-kako sto e sega i ke si se zadolzese so uste 500 milioni evra,namestto da zastedi,dvesta a,Premierot ke si go proglasese za Monarh,namesto da mu fomiraat telesna garda.Denes ne ke moraa,Grujo i Branko da se dogovaraat za nisto.A nie ke si bevme srekni gragjani,vo bogata drzava,kako sto ja zamisluva TV Sitel.
Трпе, 22.01.2013 09:20:55
Со потврдата за присуство на лидерската средба господинот Црвенковски на Груевски му дал одличен одговор зошто е потребна ова средба а не да се сведе само на една средба за кафе пиење.Многу ми е чуден актуелниот претседател на владата , истовремено се меша и во законодавната и судската и во други институци со неговиот арогантен однос, дека сака да му помогне на СДСМ за да учествува на локални избори.Заборавајки дека од него никој не бара помош но како извршна власт мора да исполни се во интерес на државата и народот, за срамот нанесен и авторитетот уништен на 24 декември.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |